Виш суд во Белград им изрече максимални затворски казни на родителите на 16-годишното момче кое пред во мај 2023 година во своето основно училиште „Владислав Рибникар“ уби девет соученици и домарот на школото. Истрелал 45 куршуми од пиштол. Ранил уште пет деца и еден наставник.
Таткото Владимир Кецмановиќ е осуден на 14 години и 6 месеци затвор поради „тешко дело против јавната безбедност и занемарување и злоупотреба на малолетно лице“. Мајката Милијана е осудена на 2 години и 11 месеци затвор.
Апелациски суд претходно ја намали на 1 година домашен притвор казната на Немања Маринковиќ, инструктор во стрелачкиот клуб во кој Владимир Кецмановиќ го водел својот син да вежба да пука.
Бидејќи во моментот на извршување на делото убиецот имал 13 години, според српските закони против него не може да се води кривична постапка. По приведувањето е префрлен во Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и младинци во Белград, под затворен медицински и полициски надзор.
Меѓународниот кривичен суд ја затвори долгогодишната истрага за злосторства извршени од американските сили во Авганистан по 2003 година.
Првичната истрага беше одобрена пред шест години, но долго време беше замрзната. Судскиот совет сега заклучи дека Обвинителството повеќе не е способно ефективно да спроведува истраги и да обезбедува докази, што дополнително се усложнува поради времето што изминало од извршувањето на наводните злосторства.
Ќе продолжи посебен случај „Ситуацијата во Авганистан II“, кој се фокусира на наводни злосторства на талибанците по август 2021 година, вклучително и прогон на жени и девојчиња. Меѓународниот кривичен суд веќе објави налози за апсење на високи талибански лидери.
САД не се членка на МКС и ја отфрлаат неговата надлежност врз американските државјани. Вашингтон воведе санкции против судии и обвинители откако Судот објави меѓународна потерница по израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поврзана со злосторства во Газа.
Американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела го обвини Судот дека „го користи меѓународното право како инструмент на глобалните елити“.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.