Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Честитки, Петар!

10 June 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Во соопштение на Данската академија на науките и уметностите (на линкот), наведени се 30-те нови членови кои „ќе бидат дел од напорите за зајакнување на истражувањата за добробит на општеството“. 
  • Еден од нив е „наше горе лист“, Петар Поповски, чија експертиза е во полето на телекомуникациите, особено безжичната комуникација. 
  • Поповски е професор на Универзитетот Аалборг во Данска. На сајтов низ годините има пишувано за актуелни прашања, како тука и тука.
извор

„Од шкафот“ - прва изложба од програмата „Нови лица“ во Лабораториум

9 June 2026
  • Share
  • Post
  • Во културно-едукативниот центар Лабораториум на 11 јуни (четврток) во 20:00 часот, ќе биде отворена изложбата „Од шкафот“ на младата авторка Јана Наскова. Изложбата е прв јавен настан од иницијативата „Градски ѕид за нови лица на македонската културна сцена“, преку која Лабораториум поддржува млади уметници и креативци од независната сцена.
  • Фотографскиот проект е резултат на едномесечна резиденција, во која Наскова работеше под менторство на реномираната фотографка Еџе Али. Во фокусот на проектот е урбаниот простор, но и личниот поглед на младата авторка кон градот, секојдневието и интимните слоеви на просторот што ја опкружува.
  • Проектот „Нови Лица“ има цел да открие, поддржи и промовира нови автори од македонската независна уметничка и креативна сцена. По јавен повик, стручно жири избра осум млади автори и креативци кои до крајот на годината ќе поминат низ едномесечни менторски резиденции. Секој од учесниците работи со искусен ментор, кој го следи и поддржува креативниот процес до создавање на ново авторско дело. Резултатите ќе бидат јавно презентирани во Лабораториум преку изложби, презентации и јавни настани.
извор

Уметница, етнологинка - дискусија за феминитивите во Лабораториум

3 June 2026
  • Share
  • Post
  • Дали е чудно да се каже антропологинка, етнологинка или гинекологинка? Одговорите на овие и многу други прашања ќе бидат во фокусот на дискусијата „Од каде сега феминативи?“, што ќе се одржи на 4 јуни (четврток) во Лабораториум со почеток во 19 часот.
  • Иницијативата „Зборци“ организира отворена дискусија посветена на феминативите и нивната улога во современиот македонски јазик. Настанот ќе отвори разговор за тоа колку сме подготвени да ги менуваме јазичните навики и како зборовите влијаат врз начинот на кој ја разбираме и обликуваме реалноста.
  • На настанот ќе се обратат проф. д-р Симон Саздов од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, етнологинката и антропологинка Јана Коцевска и македонистката и лекторка Татјана Б. Ефтимоска. Организаторите најавуваат отворен разговор во кој публиката ќе има можност активно да се вклучи и да придонесе кон дебатата за јазикот, родот и општествените промени.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

„Равенка за сè“ именувана по македонски автори

Разно
2

Како да ги решиш маалските пијандури

Балканштина
3

Честитки, Петар!

4

Загризете од понудата

Балканштина
5

Ништо не може да ја спаси Кина од демографски колапс

Занимливости
6

Рекорден број луѓе заминуваат од Канада

7

Скопје добива нов и супер модерен објект

8

Јуначко срце

Балканштина
1

Честитки, Петар!

2

Секс-кукла изложена во резиденцијата на германскиот претседател

Bookbox
3

Витезот на уметноста во жолти влечки: замина Дејвид Хокни

Bookbox
4

„Битката за Сантјаго“ - фудбалскиот натпревар што ги иницирал жолтиот и црвениот картон

Bookbox
5

Букбокс читанка: „Бела книга-црно писмо“ - необичните случаи на забранети македонски дела

Читанка
6

Lorem Ipsum: како зборовите на Цицерон станаа најпознатиот бесмислен текст на светот

Bookbox
7

„Од шкафот“ - прва изложба од програмата „Нови лица“ во Лабораториум

8

Букбокс гледанка: „Амели или карактерот на дождот“ (анимиран, 2025)

Гледанка
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Учиме бугарски поговорки

Балканштина

Јуначко срце

Балканштина

Загризете од понудата

Балканштина

Како да ги решиш маалските пијандури

Балканштина

Да сте научиле да ја пеете Ѓурѓордванг!

Балканштина

Бисери на балканскиот маркетинг

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Г-дин Шушани или најенигматичниот учител на 20. век

Нема правда на овој наш свет

10-те правила на Бордејн за печење месо на скара

Мудрец меѓу овците

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy