Венс: Европа умира исто како Хенри Новак, напуштена и со врзани раце
6 June 2026
- Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс го оцени убиството на британскиот тинејџер Хенри Новак како сведоштво за цивилизацискиот пад во Европа предизвикан од масовната инвазија на мигранти.
- „Хенри Новак почина на ист начин како што умира една цивилизација: напуштен, со лисици на рацете што му ги ставија властите, кои ниту му верувале ниту се грижеле за него, обвинет за злосторства од омраза што не ги сторил“, напиша Венс на X.
- Новак беше убиен во декември во Саутемптон откако пет пати бил прободен со нож од сикот Викрум Дигва. Кога полицијата интервенирала, таа го врзала ранетиот Новак и не му укажала итна помош, поради тоа што вистинскиот убиец лажно го обвинил момчето за „расистички напад“. Деталите за случајот и полициската снимка беа објавени пред неколку дена, кога Дигва беше осуден на доживотен затвор.
- САД ја осудија британската политиката на двоен аршин, наклонета кон идеологијата на диверзитет, различност и инклузија. „Идеолошкото условување и двостепеното полициско работење се очигледни симптоми на цивилизациски пад. Тие мора да бидат отфрлени низ целиот Запад“, објави Белата куќа.
-
Даунинг стрит ги отфрли критиките како „мешање во нашата демократија“ и „обид да се предизвикаат поделби на нашите улици“.