Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Аталанта продаде играч во Манчестер Јунајтед за 50+ милиони евра

22 May 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Манчестер Јунајтед на крајот одигра сјајна завршница на сезоната во Премиер лига и заслужено заврши трет па ќе се врати конечно во Лига на шампиони каде му е место.
  • Најтрофејниот англиски клуб конечно живна по смената на Рубен Аморим, заигра како треба со Мајкл Карик кој дојде како привремено решение односно в.д. тренер и забележа бројни победи.
  • Сега летово ќе го освежуваат составот кој ќе треба да игра следната сезона на дури 4 фронта. Прво засилување ќе биде Бразилецот од среден ред на Аталанта Едерсон, соопштува Микеле Кришитело на Х.
  • Манчестер Јунајтед за него плаќа повеќе од 50 милиони евра, односно според договорот 48 милиони евра и 5 милиони евра низ бонуси. Едерсон не е повикан од Карло Анчелоти за Бразил за Светското првенство.
  • Едерсон во Италија дојде во јануари 2022 кога Валтер Сабатини го донесе во Салернитана од бразилски Коринтијанс за 6,5 милиони евра. Со 15 настапи, 2 гола и 1 асистенција ја заврши сезоната. Во Аталанта дојде во летото 2022-ра и од тогаш запиша 153 настапи во Серија А со 15 гола и 6 асистенции. Играше и во Лига на шампиони (2 гола и 1 асистенција) и во Лига Европа (1 гол). Освои Лига Европа минатата сезона со Аталанта.
извор

Како Пеп Гвардиола тактички ја описмени Премиер лига

22 May 2026
  • Share
  • Post
  • Големиот Пеп Гвардиола по се изгледа на крајот на сезонава ќе замине од Манчестер Сити после богати 10 години во кои на клубот му донесе дури 21 пехар од кои највреден е оној од Лига на шампиони.
  • Кога (и ако) Гвардиола замине од Сити, тој зад себе ќе остави неверојатно наследство. Неговите тактички генијалности направија бранови од Премиер лига преку аматерските лиги па се до маалскиот фудбал.
  • БиБиСи спорт денес пишува за фантастичните тактички изуми на Пеп, од висок пресинг човеч на човек уште од гол-аут, до ризик да се гради игра од голман.
извор

Вечерва започнува драмата во Евролига - ќе врие на Фајнал Фор во Атина

22 May 2026
  • Share
  • Post
  • Завршниот турнир во Евролига се игра викендов во „ОАКА“ Арената, домот на Панатинаикос кој нема да игра за пехарот.
  • Од 22 до 24 мај за трофејот ќе се борат Олимпијакос - Фенербахче (петок од 17:00) и Валенсија - Реал Мадрид (петок 20:00).
  • Во прекрасната сала која е реновирана по најсовремени стандарди а сега се вика „Телеком Арена“ најбројни ќе бидат домашните навивачи на грчки Олимпијакос кои се очекува да ја наполнат салата. Ќе има и бројни турски навивачи на Фенербахче а се очекува помалку симпатизери во Атина да имаат шпанските Валенсија и Реал Мадрид.
  • Финалето е во недела вечер, а претходно ќе се одигра и дуелот за трето место на Фајнал Фор од Евролига.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Победа! И над Пајакот има Пајак

Балканштина
2

Дождовница може да чини и 10.000 евра

Балкан
3

Најопасната реченица на Балканот

Разно
4

Фејкерскиот гламур на Џенифер Лопез

Забава
5

Турција ги напушта американските F-22 и F-35, прави свои

6

Глупи едни

Македонштина
7

Мисли без мустаќи нема да го познаеме

Видео
8

Ги реметеа за шинобусот, ама селото колку пола Лисиче стана Бундеслигаш

Фудбал
1

Ги реметеа за шинобусот, ама селото колку пола Лисиче стана Бундеслигаш

Фудбал
2

Навивачи на Шкендија, гледајте и учете

Навивачи
3

Ќе има ли медиумско политичка фама за свирењето на македонската химна на Градски?

Навивачи
4

МВП на НБА со глума на сезоната

Кошарка
5

Интересен навивачки изум

Навивачи
6

Лига Европа да се преименува во доктор Унаи Емери

Фудбал
7

Мартинез е легендарна будалетинка без загубено финале, со скршен прст бранел

Фудбал
8

Не биди глуп, врати му го бургерот

Навивачи
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Па браво

Балканштина

Како може да се зезне човек со погрешен џокер

Македонштина

Во одбрана на кумановскиот алфа мажјак

Балканштина

Победа! И над Пајакот има Пајак

Балканштина

Заблуди за далматинските пршути и панцети

Македонштина

Наш човек по стилот ќе го познаеш

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Мал босански Пикасо

Коста Рурки и Мики Бургов

Навреден си? Па што?

Среќна Нова 91-ва

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy