- Во јавноста се уште не стивнува дискусијата за недоличното пеење на фудбалерите на Вардар кои на прослава на шампионската титула по дуелот со Струга, го навредуваа ривалот Пелистер, градот Битола и пејачката Каролина Гочева.
- Од ФФМ ги изрекоа казните за повеќето клубови поради разни испади (најчесто поради употреба на пиротехника на трибините), но соопштија и дека се води дисциплинска против ФК Вардар за скандирањето на играчите.
- Од клубот сега со допис до ФФМ и соопштение за јавноста велат дека тие не можат да бидат казнето за тоа што станува збор за случај не на официјален натпревар туку на приватна прослава.
- Вардарци потсетуваат дека нивната официјална клупска прослава на двојната круна е закажана за сабота вечер на 23-ти мај на „Школка“ во Градски парк после натпреварот со Шкендија кој почнува во 18:00 часот.
- Манчестер Јунајтед на крајот одигра сјајна завршница на сезоната во Премиер лига и заслужено заврши трет па ќе се врати конечно во Лига на шампиони каде му е место.
- Најтрофејниот англиски клуб конечно живна по смената на Рубен Аморим, заигра како треба со Мајкл Карик кој дојде како привремено решение односно в.д. тренер и забележа бројни победи.
- Сега летово ќе го освежуваат составот кој ќе треба да игра следната сезона на дури 4 фронта. Прво засилување ќе биде Бразилецот од среден ред на Аталанта Едерсон, соопштува Микеле Кришитело на Х.
- Манчестер Јунајтед за него плаќа повеќе од 50 милиони евра, односно според договорот 48 милиони евра и 5 милиони евра низ бонуси. Едерсон не е повикан од Карло Анчелоти за Бразил за Светското првенство.
- Едерсон во Италија дојде во јануари 2022 кога Валтер Сабатини го донесе во Салернитана од бразилски Коринтијанс за 6,5 милиони евра. Со 15 настапи, 2 гола и 1 асистенција ја заврши сезоната. Во Аталанта дојде во летото 2022-ра и од тогаш запиша 153 настапи во Серија А со 15 гола и 6 асистенции. Играше и во Лига на шампиони (2 гола и 1 асистенција) и во Лига Европа (1 гол). Освои Лига Европа минатата сезона со Аталанта.
- Големиот Пеп Гвардиола по се изгледа на крајот на сезонава ќе замине од Манчестер Сити после богати 10 години во кои на клубот му донесе дури 21 пехар од кои највреден е оној од Лига на шампиони.
- Кога (и ако) Гвардиола замине од Сити, тој зад себе ќе остави неверојатно наследство. Неговите тактички генијалности направија бранови од Премиер лига преку аматерските лиги па се до маалскиот фудбал.
- БиБиСи спорт денес пишува за фантастичните тактички изуми на Пеп, од висок пресинг човеч на човек уште од гол-аут, до ризик да се гради игра од голман.