Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Левица: Колку народни пари потрошил Фетаи додека не се појавувал на работа?

20 May 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • „Најостро реагираме на скандалозното и неодговорно однесување на вицепремиерот Арбен Фетаи, кој со месеци не се појавува на работното место, не присуствува на владините седници, не одговара пред Собранието, а притоа продолжува да ја користи функцијата и бенефитите што ги плаќаат граѓаните на Македонија“, велат од партијата Левица.
  • „Додека Владата на Мицкоски секојдневно им порачува на граѓаните дека „нема пари“ за повисоки плати, помош за ученици, здравство и социјални мерки, истата таа Влада дозволува функционер кој не доаѓа на работа да продолжи да зема плата, дневници и да патува на егзотични дестинации.
  • Партијата прашува колку пари се исплатени за плати, патни трошоци и привилегии на функционер “за добро владеење” кој не ја извршува функцијата и дали Владата ќе иницира постапка за утврдување одговорност за несовесно и ненаменско трошење државни средства?
извор

ЕУ може да замрзне пари и на Руси кои не се под санкции

21 May 2026
  • Share
  • Post
  • Европската Унија може да замрзне руски сметки поради војната во Украина, дури и ако не постои директна правна врска на сопствениците со лицата и фирмите против кои се воведени санкции, пресуди Судот на правдата на ЕУ.
  • „Концептите на сопственост и контрола треба да ги опфатат сите форми на моќ или влијание што се вршат врз средствата, дури и ако не постои правна врска меѓу нив и засегнатото лице“, пишува во одлуката на судот.
  • Одлуката на судот на ЕУ се однесува на три случаи во Италија, во врска со заплена на компании и јахта за кои има сомневања дека биле во сопственост на Руси на списокот на санкции на ЕУ. Судот го одобри запленувањето, иако биле утврдени само индиректни врски со санкционирани лица.
  • „Целта на замрзнувањето на средствата е да се ограничат колку што е можно повеќе сите трансакции што можат да се извршат со нив. Секое заобиколување на санкциите треба да се спречи“, стои во пресудата.
извор

Мерц бара „асоцијативно“ членство за Украина во ЕУ

21 May 2026
  • Share
  • Post
  • Германскиот канцелар Фридрих Мерц предложи Украина да стане „придружна членка“ на Европската Унија - да им се дозволи на украински претставници да учествуваат на самитите и министерските состаноци на ЕУ, но без право на глас.
  • Украина би била опфатена со клаузулата за заемна помош на блокот и би имала право на финансирање од делови од буџетот на ЕУ.
  • Привременото членство би било поништено ако Киев отстапи од стандардите за владеење на правото неопходни за целосно пристапување.
  • „Очигледно е дека нема да можеме наскоро да го завршиме процесот на пристапување (на Украина), со оглед на безбројните пречки и политичката сложеност на процесите на ратификација. Предвидувам политичко решение што значително ќе ја доближи Украина до Европската Унија и нејзините основни институции веднаш... Тоа ќе помогне во олеснувањето на тековните мировни преговори“, забележал Мерц во писмо до шефовите на ЕУ - Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Најопасната реченица на Балканот

Разно
2

Заблуди за далматинските пршути и панцети

Балканштина
3

Српски коментаторски таленти 3

Балканштина
4

Наш човек по стилот ќе го познаеш?

Македонштина
5

Ги реметеа за шинобусот, ама селото колку пола Лисиче стана Бундеслигаш

Фудбал
6

Турција ги напушта американските F-22 и F-35, прави свои

7

Солженицин: Вистинската слобода не е во бројот на опциите

Мислења
8

Зошто Иран има право да биде параноичен

Мислења
1

Турција ги напушта американските F-22 и F-35, прави свои

2

Солженицин: Вистинската слобода не е во бројот на опциите

Мислења
3

Зошто Иран има право да биде параноичен

Мислења
4

Се испили првото пиле од вештачко јајце

Технологија
5

Пристигна златниот телефон на Трамп – ама малку фаличен

6

Левица: Колку народни пари потрошил Фетаи додека не се појавувал на работа?

7

Трамп прави терен за инвазија на Куба: Го обвинија Раул Кастро за убиство

8

Спејс Икс оди на берза, Илон Маск ќе стане првиот билионер

Бизнис
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Победа! И над Пајакот има Пајак

Балканштина

Заблуди за далматинските пршути и панцети

Македонштина

Наш човек по стилот ќе го познаеш?

Балканштина

Српски коментаторски таленти 3

Македонштина

Фосилитe тазе ли ви се?

Разно

Македонија до Колумбија

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Кај се дрољите во Охрид?

Тајната на имигрантската генијалност

Ја нисам одавле

Политиката на презимињата

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy