Пекинг му го смени името на Рубио за го пушти во Кина
13 May 2026
- Кинеските власти му ја промениле транслитерацијата на презимето на американскиот државен секретар Марко Рубио, за да му овозможат легално да ја посети Кина.
- Пекинг во 2020 година воведе санкции за Рубио и му забрани влез во земјата откако тој ја обвини Кина за кршење на човекови права и за политиките кон Хонг Конг и Тајван.
- Непосредно пред Рубио да биде назначен за шеф на дипломатијата на САД, кинеската влада и официјалните медиуми почнаа да користат различен знак за првиот слог во неговото презиме. Но, санкциите официјално не се укинати.
- Рубио е во големата делегација што го придружува претседателот Доналд Трамп во важната посета на Кина. Покрај владини функционери, во Кина патуваат и директори од најмоќните американски компании, вклучувајќи ги: Илон Маск (Тесла, СпејсИкс), Јенсен Хуанг (Нвидија), Тим Кук (Епл), Лари Финк (БлекРок), Стивен Шварцман (Блекстоун), Кели Ортберг (Боинг), Лари Калп (Џенерал Електрик) и Дејвид Соломон (Голдман Сакс).