Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Паѓа владата на Нетанјаху?

13 мај 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Владејачката коалиција на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху може да се распадне следната недела, откако еден од неговите клучни ултраортодоксни коалициски партнери повика на распуштање на парламентот.

  • Политичката криза доаѓа откако Нетанјаху им најави на ултраортодоксните владини партнери дека нема да предложи закон за ослободување на ултраортодоксните Евреи од воена служба.

  • „Веќе немаме доверба во Нетанјаху“, изјави Дегел ХаТора од  ултраортодоксната еврејска фракција во коалицијата на Нетанјаху. „Мораме веднаш да го распуштиме парламентот“.

  • Ослободувањето на ултраортодоксните Евреи од служење  војска е долготраен политички спор. Израел историски ги ослободувал од војска младите мажи и жени од побожната ултраортодоксна заедница за да можат да посетуваат верски студии, но војната во Газа и потребата од повеќе војници извршија политички притисок тие да не бидат повластени во однос нас другите Израелци. 

  • Ултраортодоксните политички партнери на Нетанјаху бараа да се донесе нов закон со кој трајно ќе се заштити нивната заедница од регрутацијата, бидејќи Врховниот суд ѝ наложи на владата да ги регрутира и нив.

  • Паднала владата или не, Израел до 27 октомври мора да одржи избори. Моментален фаворит е десничарот Нафтали Бенет. 

извор

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
  • Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
  • Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
извор

Заради Трамп, масовно се купуваат словенечки домени

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
  • Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
  • Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти. 
  • Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари. 
  • Толку е веста. Легни.си.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
5

Квалификации

Балканштина
6

Елитно ментално

Забава
7

Размислете за храната

Медиуми
8

Пратете му на некој со BMW

Онака
1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Почина Биљана Плавшиќ

4

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

5

Маск ќе ја крои иднината на војувањето

Свет
6

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
7

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

8

САД сакаат да ја жртвуваат Европа

Мислења
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Исцелителот за хомосексуалноста

Зуко Џумхур, скроз наш чоек

Битка за целосна информација

40% џабе се мачкате

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy