Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Мамдани се откажа од повисоки даноци на имот во Њујорк

13 May 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • „Социјалистичкиот“ градоначалник на Њујорк Зохран Мамдани ги откажа своите планови за зголемување на даноците на имот за 9,5% со кои требаше да ја пополни дупката од 5,4 милијарди долари во градскиот буџет, но ја продолжи битката против милијардерите.
  • Мамдани објави дека успеал да го избалансира новиот градски буџет од 124,7 милијарди долари без да ги зголеми давачките за имот, бидејќи обезбедил 4 милијарди државно финансирање.
  • Дел од тие пари – околу 500 милиони долари - треба да дојдат од контроверзната мерка за оданочување на милијардерите кои во Њујорк поседуваат „втори домови“ во вредност од над 5 милиони долари.
  • Мамдани ја промовираше оваа мерка со видео снимено пред пентхаусот од 238 милиони долари на Кен Грифин, основачот на Цитадел. Милијардерот Стивен Рот ја оцени оваа кампања на Мамдани како „неодговорен и опасен говор што поттикнува омраза кон најбогатите“.
извор

Куба остана без дизел и мазут

14 May 2026
  • Share
  • Post
  • Куба ги потроши последните резерви на гориво како последица на енергетската блокада наметната од САД. „Апсолутно немаме мазут, апсолутно немаме дизел. Немаме повеќе резерви“, изјави министерот за енергетика Висенте дела О Леви.
  • Прекините на електричната енергија сега надминуваат 20-22 часа секој ден. Во Хавана синоќа избувнале улични протести поради рестрикциите на струја. Во повеќе населби граѓани блокирале улици со запалено ѓубре и извикувале: „Вклучете ги светлата!“.
  • Од крајот на јануари администрацијата на Доналд Трамп наметна нафтена блокада против Куба, заканувајќи се со санкции и царини за секој што ќе се обиде да ѝ достави гориво. Престанаа испораките од главните добавувачи – Венецуела и Мексико. Последната пратка беше испорачана при крајот на март - 100.000 тони сурова нафта од руски танкер.
  • Кубанската енергетска мрежа сега е целосно зависна од оскудната сурова нафта, природен гас и обновливи извори. Куба има капацитет од 1.300 мегавати сончева енергија благодарение на панелите инсталирани од кинески компании во текот на изминатите две години. Но, голем дел од таа енергија се губи бидејќи не може да се складира во батерии поради нестабилноста на несигурната енергетска мрежа.
  • „Куба е отворена за секој што сака да ни продаде гориво“, апелираше министерот Леви.
  • „Куба бара помош и ние ќе разговараме!“, објави американскиот претседател Доналд Трамп пред да замине во посета на Кина. Стејт департментот понуди помош од 100 милиони долари за Хавана, но под услов да бидат спроведени „значајни реформи во комунистичкиот систем“.
извор

Пекинг му го смени името на Рубио за го пушти во Кина

13 May 2026
  • Share
  • Post
  • Кинеските власти му ја промениле транслитерацијата на презимето на американскиот државен секретар Марко Рубио, за да му овозможат легално да ја посети Кина.
  • Пекинг во 2020 година воведе санкции за Рубио и му забрани влез во земјата откако тој ја обвини Кина за кршење на човекови права и за политиките кон Хонг Конг и Тајван.
  • Непосредно пред Рубио да биде назначен за шеф на дипломатијата на САД, кинеската влада и официјалните медиуми почнаа да користат различен знак за првиот слог во неговото презиме. Но, санкциите официјално не се укинати.
  • Рубио е во големата делегација што го придружува претседателот Доналд Трамп во важната посета на Кина. Покрај владини функционери, во Кина патуваат и директори од најмоќните американски компании, вклучувајќи ги: Илон Маск (Тесла, СпејсИкс), Јенсен Хуанг (Нвидија), Тим Кук (Епл), Лари Финк (БлекРок), Стивен Шварцман (Блекстоун), Кели Ортберг (Боинг), Лари Калп (Џенерал Електрик) и Дејвид Соломон (Голдман Сакс).
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

„Вук је у нас домаћа животиња“

2

Достоен!

Балканштина
3

Грција дига рачна за масовниот туризам

4

Ги стигаме бугарските матуранти

Македонштина
5

Прво татко па сè друго: Дончиќ нема да игра за Словенија, ќе се бори за своите ќерки

6

На каква помија од терен тренираат младинците на ФК Работнички

Фудбал
7

Не преточуваш нитроглицерин

Балканштина
8

Пекинг му го смени името на Рубио за го пушти во Кина

1

„Вук је у нас домаћа животиња“

2

Грција дига рачна за масовниот туризам

3

Пекинг му го смени името на Рубио за го пушти во Кина

4

Американци враќаат државјанства, имигранти доброволно си одат дома

Свет
5

Војната во Иран почна да го прави светот црно бел

6

САД и Израел тргнаа во војна за да запалат судир меѓу Иран и Саудиска Арабија

Свет
7

САД секој ден плаќаат по 3 милијарди долари камата на долгот

Свет
8

Паѓа владата на Нетанјаху?

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Ги стигаме бугарските матуранти

Балканштина

Достоен!

Македонштина

Скопје е на потег

Балканштина

За бракот и научната етика

Македонштина

Свет цел разбере да

Разно

Колкава е Партизанска?

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Првата голема победа на НАТО во Македонија

10-те правила на Бордејн за печење месо на скара

Кој бе тоа ќе спроведе двојазичност?

Часовникот што ќе го промени времето какво што го познаваме

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy