Трамп се закани дека ќе ги повлече трупите од Германија
30 April 2026
- Доналд Трамп се закани дека ќе ги повлече американските трупи од Германија, разгневен од оценката од канцеларот Мерц дека САД биле „понижени“ од Иран во војната.
- „САД проучуваат и разгледуваат намалување на трупите во Германија. Одлуката ќе биде донесена наскоро“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social во среда.
- Извори на Телеграф велат дека Трамп би можел да ги прераспореди трупите во Полска, Романија, на Блискиот Исток или на Гренланд – островот за кој се закануваше дека ќе го присвои затоа што е „стратегиски важен за безбедноста на САД.
- И при крајот на својот прв мандат, во јуни 2020 година, Трамп најави дека ќе повлече 9.500 од вкупно 34.500 американски војници кои тогаш беа стационирани во Германија, но процесот не почна. Бајден официјално го запре веднаш по преземањето на функцијата во 2021 година.
- Мерц во понеделникот ги критикуваше Трамп поради отсуството на стратегија за излез од војната со Иран. „Цела нација е понижена од иранското раководство... И затоа се надевам дека ова ќе заврши што е можно побрзо, изјави Мерц.
- „Канцеларот на Германија, Фридрих Мерц, мисли дека е во ред Иран да има нуклеарно оружје. Тој не знае за што зборува! Не е ни чудо што Германија се справува толку лошо, и економски и на друг начин, возврати Трамп.