- Ринат Акметов, меѓу многуте други имоти, сопственик и на металуршкиот комбинат Азовстал во Мариупол, купи огромен луксузен апартман на пет ката во најпрестижниот нов комплекс во Монако за неверојатни 554 милиони долари.
- Добива 2.500 квадратни метри, 21 соба, приватен базен, џакузи и 8 паркинг места.
- Според Блумберг, ова е најголемата трансакција за еден дом во историјата.
- Има логика држава која постојано се рангира на врвот на сите глобални рангирања за корупција, да произведува екстравагантни демонстрации на украдено богатство.
- Министерството за правда на САД ги олабави ограничувањата за некои производи од марихуана и ја класифицира дрогата како помалку опасна, што е една од најголемите промени во политиката за дрога на САД во изминатите децении.
- Овој потег не ја легализира марихуаната на федерално ниво на САД, но се очекува да ја преобликува индустријата што достигна вредност од 47 милијарди долари. Разлабавува бариери на федерално ниво, иако марихуаната веќе е легализирана за медицинска употреба во речиси сите сојузни држави (освен во Ајдахо и Канзас), а во 24 е дозволена и за рекреативна употреба.
- Производите од канабис регулирани од државата сега се префрлени од групата лекови „што предизвикуваат висока зависност“, како хероинот, во помалку рестриктивна категорија „со низок до умерен потенцијал за злоупотреба“, како вообичаените лекови против болки, кетамин и стероиди. Компании истражуваат фармацевтска употреба на марихуана за справување со болка, симптоми на рак, анксиозност и други нарушувања.
- „Оваа мерка овозможува истражување за безбедноста и ефикасноста на оваа супстанца, со што пациентите ќе добијат подобра грижа, а лекарите посигурни информации“, соопшти државниот обвинител Тод Бланш.
- Марихуаната е најшироко користената нелегална дрога во САД и во светот. Речиси еден од пет жители на САД ја користи годишно, според Центрите за контрола и превенција на болести. Милиони Американци се уапсени за поседување на дрога. Новата одлука нема влијание врз казните.