Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Маѓар бара оставка од претседателот и замолкнување на државната телевизија

15 April 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Уште пред да го добие мандатот за формирање влада, Петер Маѓар го повика унгарскиот претседател Тамаш Шуљок да поднесе оставка. На церемонијалното добивање на мандатот му се закани со притисок од Парламентот ако одбива самиот да замине.
  • „Тамаш Шуљок е неспособен да го отелотвори единството на унгарската нација. Не е способен да биде чувар на владеењето на правото во Унгарија. Не е способен да биде морален стандард и пример за унгарскиот народ“, изјави Маѓар на прагот на претседателската палата.
  • Лидерот на партијата Тиса оцени дека Унгарците на парламентарните избори во неделата не гласале за нов состав на Парламентот и за промена на владата, туку за „промена на режимот“.
  • Маѓар се закани дека една од првите одлуки на неговата влада ќе биде привремено прекинување на вестите на државните радио и телевизиски станици.
  • На забелешката дека замолкнувањето на државната телевизија е спротовно на законот, тој одговори: „Не ги исполнивте обврските од законот за медиуми... Кога ме обвинувате дека го кршам законот, тоа е како крадец во продавница да повикува полиција“.
извор

ЕУ ќе изгуби 53 милиони жители до 2100-та

17 April 2026
  • Share
  • Post
  • Населението на ЕУ ќе се намали за 11,7%, односно за 53 милиони, до крајот на овој век, покажуваат најновите проекции на Евростат.
  • На крајот на 2025 година, ЕУ имала 451,8 милиони жители, повеќе отколку во претходната година. Населението, според проекциите, ќе продолжи да се зголемува уште три години, ќе го достигне врвот од 453,3 милиони во 2029 година, а потоа ќе почне да се намалува до 398,8 милиони во 2100 година.
  • Проектираната пирамида на возраста покажува дека процентот на деца и млади (до 19 години) ќе се намали од 20% на 17%, а на работоспособните возрасни лица од 58% на 50%.
  • Во 2100 година 17% од жителите на ЕУ ќе бидат на возраст од 65 до 79 години, а 16 ќе бидат постари од 80 години. 
  • Резултатите се базираат на проценки според моделите на плодност, морталитет и миграција.
извор

Зеленски ќе праќа во затвор за антисемитизам

17 April 2026
  • Share
  • Post
  • Претседателот Володимир Зеленски потпиша нов закон со кој антисемитизмот се прогласува за кривично дело во Украина, со казни до осум години затвор.
  • Во членот за „кршење на еднаквоста на граѓаните врз основа на нивната раса, националност, религиозни верувања или попреченост“, сега е додадено и „манифестации на антисемитизам“.
  • „Поттикнувањето антисемитизам“ сега ќе биде казниво со 200 до 500 „минимални приходи“ (660 до 1.600 евра), со условна казна од 5 години или затвор до три години. Ако притоа се констатираат насилство, измама и закани, казната е до 5 години затвор. Ако антисемитизмот е извршен од организирана група или ако има сериозни последици, казните се од 5 до 8 години затвор.
  • Во 2021 година Украина усвои и посебен Закон за спречување и борба против антисемитизмот, во кој не беа предвидени затворски казни. За форми на антисемитизам беа дефинирани негирање на правото на самоидентификација на Евреи, повици за убиство или оправдување на убиство на Евреи или предизвикување штета поради радикални идеологии или екстремистички религиозни ставови.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Култна екипа на Комити среде Франција

Навивачи
2

Првата голема корпа од Маѓар за ЕУ

3

Еден по еден, снема десет луѓе со пристап до најголемите тајни на САД

Занимливости
4

Вака не се носи дресот на Реал Мадрид

Фудбал
5

Српска трансџендер математика

Балканштина
6

Астронаутите од „Артемис II“ се вратија дома

Балканштина
7

Трајна носталгија

Балканштина
8

Џонтра Волта и Шонко Нери, имаме понуда за вас

Македонштина
1

Првата голема корпа од Маѓар за ЕУ

2

Еден по еден, снема десет луѓе со пристап до најголемите тајни на САД

Занимливости
3

Може ли да му се верува на човекот што сака да ја контролира нашата иднина?

Свет
4

Мегаструктурите ни крадат милисекунди

Наука
5

Целиот свет во криза, а кинеската економија засилено расте

6

Мигранти лажат дека се геј за да добијат азил во Британија

Свет
7

Европски авиокомпании откажуваат стотици летови

8

25 милиони Иранци спремни да се жртвуваат за татковината

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Српска трансџендер математика

Балканштина

Астронаутите од „Артемис II“ се вратија дома

Балканштина

Трајна носталгија

Македонштина

Џонтра Волта и Шонко Нери, имаме понуда за вас

Балканштина

Торта изгубена во преводот

Разно

Ќе ги биде ли конечно Македонски пошти?

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Како сум систематски уништен од идиоти

Кармен од Жорж Бизар

Реплика на реплика

Опеан ли ви е кровот?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy