- Поранешниот директор на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, Филип Андов – Сокол, е осуден на казна затвор во траење од осум месеци за злоупотреба на службената положба и овластување.
- На останатите обвинети, шест затворски полицајци, им се изречени условни казни затвор кои нема да се реализираат доколку во наредните една, односно три години, не сторат ново кривично дело.
- Обвинетите на петмина осуденици им овозможиле незаконски погодности. Осудените биле спроведувани до своите домови и до други локации за приватни потреби, спротивно на пропишаната постапка.
- Од СДСМ ја обвинија актеулната власта дека преку „нарачани судски пресуди“ врши директна репресија врз партиски функционери од опозицијата.
- ВМРО-ДПМНЕ велат дека Андонов неодамна беше назначен за член на Извршниот одбор на опозициската партија за да може пресудата за него подоцна да се претстави како политички прогон.
- Како одговор на украинскиот напад со дронови врз резиденцијата на рускиот претседател во Новгородската област, Владимир Путин наредил во 2026 година да биде проширена тампон-зоната околу украинските погранични градови Харков и Суми, изјави генералот Валериј Герасимов, началник на Генералштабот на руските сили.
- Руската група „Север“ во 2024 година настојуваше да воспостави зона на безбедност во североисточна Украина, за да ја оддалечи украинската артилерија од руска територија и да спречи напади со дронови врз Белгород и Курск.
- Украинските власти тврдат дека оваа зона воопшто не е превентивна, туку се користи за да се овозможат подлабоки упади на руските сили на украинска територија.
- Киев упорно негира дека испратил дронови кон резиденцијата на Путин и тврди дека тоа се лажни вести што ги шири Кремљ за да ги блокира мировните преговори.
- Администрацијата на Трамп ги замрзна федералните средства за грижа за деца во Минесота, реагирајќи на извештајот на независен активист дека се злоупотребени над 100 милиони долари преку измами од заедницата на сомалиски имигранти. ФБИ најави засилена истрага за измамата.
- Ник Ширли објави репортажа од 42 минути во која покажува фиктивни и празни домови за грижа за деца и возрасни, за лица со аутизам и други установи поврзани со бизниси на локалната сомалиска заедница. Документи и сведоштва укажуваат дека преку овој систем биле извлечени околу 110 милиони долари од федералните средства.
- Администрацијата за деца и семејства годишно обезбедува 185 милиони долари средства за грижа за деца во Минесота. „Тие пари треба да им помогнат на 19.000 американски деца. Измамниците крадат од тие деца“, изјави помошникот секретар Алекс Адамс.
- Гувернерот Тим Волц, кој на претходните избори беше демократски кандидат за потпретседател, изјави дека презема „агресивни мерки“ за да спречи измами и го обвини Трамп дека „го политизира прашањето“.
- Министерството за домашна безбедност најави ревизија на доделените американски државјанства на имигранти од сомалиско потекло. „Ако некое лице добие државјанство врз основа на измама, тоа е основа за одземање на државјанството“, изјави помошничката секретарка за внатрешна безбедност Триша Меклафлин.