Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Боксерскиот шампион Антони Џошуа преживеал тежок судар во Нигерија со двајца загинати

29 December 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Некогашниот олимписки првак во бокс од 2012, Британецот Антони Џошуа кој пред само неколку дена боксуваше против Американецот Џејк Пол и го победи, денес доживеал тешка сообраќајна незгода во Нигерија.
  • На автопат неговото возило се судрило при голема брзина со товарен кампион. Во несреќата две лица загинале. Антони Џошуа излегол со повреди и набрзо го префрлиле во најблиската болница.
  • Судирот се случил на дел од автопатот Лагос-Ибадан во 11 часот по локално време. Џошуа се возел во голем џип Лексус. Тој бил меѓу четири други лица во возилото а неговото обезбедување било во друго возило.
  • Џошуа (36) има потекло од градот Сагаму од каде потекнуваат неговите родители. Овој град е во државата Огун во југо-западна Нигерија. Тој како мал дури и одел во школо во местото Икене пред да се врати во Британија кога наполнил 12 години.

 

извор

Тони: Модриќ игра како да има цигара во уста

29 December 2025
  • Share
  • Post
  • Лука Тони и Себастијан Фреј, како поранешни ѕвезди на Серија А, се едногласни околу темата наречена Лука Модриќ.
  • „Модриќ е најдоброто засилување за 2025 година поради квалитетот што го донесе. Видовме дека вистинските шампиони, дури и на 38 или 39 години играат со овие млади играчи. Модриќ игра како да има цигара во устата. Можеше да оди во Обединетите Арапски Емирати за да заработи богатство, но наместо тоа одлучи да се предизвика себеси“, изјави Лука Тони.
  • „За мене, Модриќ е најдоброто засилување во Серија А оваа година. Зборуваме за шампион, а шампионите понекогаш избираат да играат на друго место. И покрај неговата неверојатна историја во Реал Мадрид, тој дојде во Италија, во врвен клуб. Радост е да се гледа како сè уште игра на ова ниво“.
извор

Јужна да се вика Васил Рингов и бројот 11 на Вардар да оди во историја

29 December 2025
  • Share
  • Post
  • Управата на Вардар ќе побара од надлежните, Македонскиот олимписки комитет, Министерството за спорт и ПУИГ, јужната трибина од Градскиот стадион во Скопје да го добие името „Васил Рингов“.
  • Јужната трибина беше синоним за легендарниот струмичанец за кого имаше анегдоти дека обожавал да игра на таа страна, наводно поради сенката која ја фрлала на теренот.
  • „Секое дружење со него, секој тренинг, секој натпревар, секое патување со него можеше пет-шест анегдоти да се раскажат. Неговиот дух секогаш ќе лебди над Градски, особено над јужната трибина“, рече Ѓоре Јовановски на комеморацијата.
  • Рингов ќе стане прв фудбалер во историјата на Вардар чиј број ќе биде повлечен од употреба. Ниеден фудбалер на Вардар во иднина нема да може да ја носи 11-ката.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Вечерва сите сме Македонци!

Разно
2

Вештачки интелигентно ѓубре го преплавува Јутјуб

Интернет
3

Имами во Шведска украле 100 милиони долари од фондови за образование

Свет
4

Ако нешто нè гневи...

Балканштина
5

Автомобил за „не по ова време“

Возила
6

Македонска Боса нова

Разно
7

Постојат херои ама лошо проаѓаат

Забава
8

Дури 73% од младите во Брисел немаат европско потекло

1

Експериментот помина, Ник Кирјос ја совлада Сабаленка во „битката на половите“

Разно
2

Реплика на Мрме до Омерагиќ: Немојте да се доведувате во ситуација да дувате на јогурт

Фудбал
3

Прегледани ВАР грешки: Барселона најмногу фаворизирана, Реал Мадрид оштетуван

Фудбал
4

Тони: Модриќ игра како да има цигара во уста

5

Огњен Симјановски најмлад дебитант и стрелец за Црвена звезда

Кошарка
6

Нов трипл-дабл на Јокиќ, Денвер изгуби, Никола близу Оскар

Кошарка
7

Срамна тепачка на женска кошарка во Турција

Кошарка
8

Атлетик: „Во НБА има многу супер ѕвезди ама ниеден не е ни близу Јокиќ“

Кошарка
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Ако нешто нè гневи...

Балканштина

Некогаш џабе се и книгите

Македонштина

Ние си најдовме, вие мислете му ја

Македонштина

Ѓорче Петров, отворена општина

Балканштина

Киноа никако пред солфеж

Балканштина

Знаете ли зошто во мартини се става маслинка а во ракија не?

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Ефтов Влахов Мицов Интераптус

Несуден режисер од Куманово

Босно моја!

Кога името не е важно

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy