Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Сведоштво на мајка на млад загинат во Пулс

29 December 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Од сведочењето на Марија Петрушева, мајка на загинатиот 24-годишен Андреј:

- Андреј, кој планирал повторно да замине на работа во Хрватска, последен пат се јавил во 18:30 часот, велејќи дека е преморен.

- Со сопругот отидовме на тераса и видовме како небото свети во далечината, токму таму каде што е ‘Пулс’. Знаев дека таму има концерт на ДНК и веднаш почнав да им ѕвонам на двајцата синови. На Андреј му пишав и на Инстаграм во 3:10 часот, но пораката до денес стои непрочитана.

 -Едно дете ме слушна како викам и ми рече: ‘Вујно, Кристијан е добар, а Андреј имаше слаб пулс, ги однесоа со амбулантна кола’. Тогаш почувствував надеж, мислев дека штом се во болница, веќе им се помага. Не сфаќав дека децата што ги гледам легнати на земја се мртви, мислев дека се само онесвестени од чадот.

- Кога ме виде, Кристијан само ми рече: ‘Мамо, не успеав да го спасам брат ми’. Влегов во собата број 2. Андреј лежеше таму, изгледаше толку живо што не верував дека е мртов. Му дававме вештачко дишење, мислев дека испушта звуци, дека се враќа… Го молев докторот што поминуваше да направи нешто, тој му го фати пулсот и ми рече дека веќе се лади. Ми кажа дека и останатите три деца во собата се починати.

  • За трагедијата се обвинети 35 физички и три правни лица. За обвинителството, „Пулс“ не била несреќа, туку резултат на долгогодишно беззаконие. Дискотеката работела незаконски уште од 2012 година, без соодветна противпожарна заштита, со нерегистрирани реконструкции и без исполнување на минималните технички услови за безбедност на посетителите, известува СДК. 
извор

Дури 73% од младите во Брисел немаат европско потекло

29 December 2025
  • Share
  • Post
  • Демографските податоци за Белгија покажуваат длабоки промени во етничкиот состав на населението, особено во главниот град Брисел. 
  • Само 10,56% од жителите на Брисел на возраст до 17 години се со потекло од Белгија. Другите 89,44% или се родени во странство или се деца на имигранти.
  • Огромно мнозинство од 72,9% од малолетниците што живеат во Брисел имаат потекло надвор од Европската Унија, покажуваат податоци од агенцијата за статистика Статбел. Овие податоци ги демантираат тврдењата дека повеќето доселеници во градот се од други европски земји, затоа што во Брисел се концентрирани институциите на ЕУ.
  • На национално ниво, сликата е мошне поинаква. Две третини од населението е со белгиско потекло, 22% се со странски корени, а 13,8% се имигранти што немаат белгиско државјанство. Во Валонија 64% од населението е со белгиско потекло, а само Фламанскиот регион 71,9%.
извор

Трамп: Путин сака Украина да успее

29 December 2025
  • Share
  • Post
  • Украина и Русија се „поблиску до мировен договор од кога било досега“, но преговорите се сложени и сè уште постои опасност да пропаднат, изјави Доналд Трамп по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски на Флорида и по телефонскиот разговор со рускиот лидер Владимир Путин.
  • Трамп додаде дека прашањето за безбедносните гаранции за Украина е „решено 95%“. Тој го пофали Путин поради настојувањето што побрзо да биде отворена нуклеарната централа Запорожје, која од првите месеци по инвазијата е под руска контрола.
  • „Путин сака Украина да успее“, изјави Трамп, истакнувајќи дека Русија ќе помогне за реконструкцијата на Украина. 

  • Американскиот претседател посочи дека може да потрае „неколку недели“ за да се постигне договор и рече дека е веројатна тројна средба со Зеленски и со Путин.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Вечерва сите сме Македонци!

Разно
2

Вештачки интелигентно ѓубре го преплавува Јутјуб

Интернет
3

Имами во Шведска украле 100 милиони долари од фондови за образование

Свет
4

Ако нешто нè гневи...

Балканштина
5

Автомобил за „не по ова време“

Возила
6

Македонска Боса нова

Разно
7

Постојат херои ама лошо проаѓаат

Забава
8

Дури 73% од младите во Брисел немаат европско потекло

1

Вештачки интелигентно ѓубре го преплавува Јутјуб

Интернет
2

Имами во Шведска украле 100 милиони долари од фондови за образование

Свет
3

Дури 73% од младите во Брисел немаат европско потекло

4

Кога сателити снимија цунами високо 200 метри

Занимливости
5

Трамп: Путин сака Украина да успее

6

Почина Брижит Бардо

7

Има четири различни видови аутизам

Здравје
8

СДСМ ќе го исклучува Јован Деспотовски

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Ако нешто нè гневи...

Балканштина

Некогаш џабе се и книгите

Македонштина

Ние си најдовме, вие мислете му ја

Македонштина

Ѓорче Петров, отворена општина

Балканштина

Киноа никако пред солфеж

Балканштина

Знаете ли зошто во мартини се става маслинка а во ракија не?

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Премногу популарни за да бидат кул

Па ова треба НАТО да го купи!

Глупа и наивна

Зошто глупите не сфаќаат дека се глупи

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy