Златен медал за Македон на Германската математичка олимпијада
27 December 2025
- Македонското чудо од дете, Македон Димитровски, освои златен медал на Германската математичка олимпијада, натпревар на кој учествуваат најдобрите млади математичари од повеќе земји.
- Со овој врвен резултат, младиот Македон се квалификуваше за суперфиналето, кое ќе се одржи во мај во Франкфурт.
- Успехот претставува големо признание за неговиот исклучителен талент, посветеност и љубов кон математиката, но и доказ дека и од нашата земја доаѓаат млади умови кои рамноправно се натпреваруваат со светската елита.