- Дисциплинската комисија на УЕФА денес ги изрече казните за клубовите чии навивачи направиле прекршоци во изминатото коло од еврокуповите.
- Македонскиот претставник Шкендија е казнета со 20.000 евра и затворен сектор 11 од националната арена „Тодор Проески“ во Скопје за следниот натпревар од УЕФА на домашен терен или секторот на кој стадион и да бидат домаќини поради раситичко и дискриминаторско скандирање на нивните навивачи.
- Шкендија е казнета и условно на две години па доколку се повторат испадите, клубот ќе биде подрастично процесуиран.
- А подрастично казнети се Црвена Звезда и Динамо Загреб. Српскиот шампион доби забрана за гостински навивачи на мечот со Штурм Грац во Австрија, казнета е Звезда и парично со вкупно 65.000 евра за дискриминаторско скандирање и доби условна казна од две години.
- Динамо Загреб е казнет со вкупно 40.000 евра и со забрана за гостинки навивачи на првиот следен натпревар во еврокуповите и условна казна од 2 години за употреба на пиротехнички средства и фрлање разни предмети на терен на дуелот со шведски Малме.
- Санкционирани се и холандски Утрехт и Феенорд и романската фудбалска федерација па У21 селекцијата на Романија.
- Навивачите на Шкендија пред натпреварот од финалето на Купот на Македонија ја исвиркаа македонската химна за време на интонирањето, извадија покривно знаме на кое алудираа на некаква поврзаност на ФФМ со ФК Вардар, скандираа погрдни националистички извици и што уште не...
- Играчите на Шкендија наместо достоинствено да го признаат поразот од 1-0 од Силекс, да му честитаат на ривалот, да подадат рака на противникот како сиот нормален свет, тие не дојдоа ниту на доделување медали, стоеа пред нивните навивачи кои од нив бараа да ги соблечат дресовите.
- Однесување далеку од некаков евро-претставник на земјава кој од сезона во сезона, од година во година покажува целосна непочит кон земјата од која им овозможува пат во еврокуповите.
- Според правилникот на ФФМ, Шкендија треба да биде драконски казнета парично, со суспензија и со одземање на бодови за бројните инциденти во финалето на Купот на Македонија. На потег е Фудбалската федерација на Македонија.
- Во соопштение од Шкендија Тетово доцна синоќа известија дека тие немале намера да го избегнат доделувањето на медали, дека фудбалерите отишле кај нивните навивачи да им се заблагодарат за поддршката и да им се извинат за разочарувањето. Престојот пред навивачите се оддолжил па затоа потраел подолго и не дошле по медалите.
- По очајната сезона во која останаа без шампионскиот пехар, изгубија убедливо во полуфинале на Куп на Македонија, претрпеа еден куп порази во Лига на шампиони и имаа тренерски смени, ракометарите на Пелистер конечни ги израдуваа своите навивачи.
- Зелено-белите го совладаа ГРК Охрид 25:22 на гостински терен во дерби колото од 9. коло од доигрувањето за титула во Суперлигата.
- Во салата „Билјанини извори“ во која за некој ден ќе се игра реваншот од финалето на ЕХФ Купот меѓу Охрид и Татабања од Унгарија, Пелистерци заслужено славеа и на крај ќе го освојат второто место кое води во ракометната Лига Европа.
- Богдан Радивојевиќ со осум гола беше најдобар играч на мечот а Никола Митревски имаше двоцифрен број одбрани. Јасухира даде пет погодоци кај домаќинот Охрид.