Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

„Европски“ претставник без основни манири

21 May 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Навивачите на Шкендија пред натпреварот од финалето на Купот на Македонија ја исвиркаа македонската химна за време на интонирањето, извадија покривно знаме на кое алудираа на некаква поврзаност на ФФМ со ФК Вардар, скандираа погрдни националистички извици и што уште не...
  • Играчите на Шкендија наместо достоинствено да го признаат поразот од 1-0 од Силекс, да му честитаат на ривалот, да подадат рака на противникот како сиот нормален свет, тие не дојдоа ниту на доделување медали, стоеа пред нивните навивачи кои од нив бараа да ги соблечат дресовите.
  • Однесување далеку од некаков евро-претставник на земјава кој од сезона во сезона, од година во година покажува целосна непочит кон земјата од која им овозможува пат во еврокуповите.
  • Според правилникот на ФФМ, Шкендија треба да биде драконски казнета парично, со суспензија и со одземање на бодови за бројните инциденти во финалето на Купот на Македонија. На потег е Фудбалската федерација на Македонија.
  • Во соопштение од Шкендија Тетово доцна синоќа известија дека тие немале намера да го избегнат доделувањето на медали, дека фудбалерите отишле кај нивните навивачи да им се заблагодарат за поддршката и да им се извинат за разочарувањето. Престојот пред навивачите се оддолжил па затоа потраел подолго и не дошле по медалите.
извор

Конечно славје и за Битолчани: Пелистер во дербито го победи Охрид за второ место

20 May 2026
  • Share
  • Post
  • По очајната сезона во која останаа без шампионскиот пехар, изгубија убедливо во полуфинале на Куп на Македонија, претрпеа еден куп порази во Лига на шампиони и имаа тренерски смени, ракометарите на Пелистер конечни ги израдуваа своите навивачи.
  • Зелено-белите го совладаа ГРК Охрид 25:22 на гостински терен во дерби колото од 9. коло од доигрувањето за титула во Суперлигата.
  • Во салата „Билјанини извори“ во која за некој ден ќе се игра реваншот од финалето на ЕХФ Купот меѓу Охрид и Татабања од Унгарија, Пелистерци заслужено славеа и на крај ќе го освојат второто место кое води во ракометната Лига Европа.
  • Богдан Радивојевиќ со осум гола беше најдобар играч на мечот а Никола Митревски имаше двоцифрен број одбрани. Јасухира даде пет погодоци кај домаќинот Охрид.
извор

Силекс ја надигра Шкендија и заслужено го освои пехарот во Куп на Македонија

20 May 2026
  • Share
  • Post
  • Фудбалерите на Силекс предводени од одличниот тренер Александар Васоски го освоија Купот на Македонија откако вечерва на Националната Арена ја совладаа Шкендија со 1-0 со голот на Алиќ во 71' минута.
  • Кратовци го освоија четвртиот пехар во Купот на Македонија и се израмнија со Работнички на трето место на вечната листа освојувачи на најмасовното натпреварување.
  • Силекс обезбеди и пласман во квалификациите за Конференциска лига.
  • Натпреварот го одбележаа неколку инциденти, навивачите на Шкендија пред почеток на мечот ја исвиркаа македонската химна, потоа скандираа против ФК Вардар и ФФМ, имаа некои спорни пароли а на крајот од мечот и побараа од играчите да ги соблечат дресовите.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Заблуди за далматинските пршути и панцети

Балканштина
2

Најопасната реченица на Балканот

Разно
3

Српски коментаторски таленти 3

Балканштина
4

Наш човек по стилот ќе го познаеш?

Македонштина
5

Ги реметеа за шинобусот, ама селото колку пола Лисиче стана Бундеслигаш

Фудбал
6

Турција ги напушта американските F-22 и F-35, прави свои

7

Солженицин: Вистинската слобода не е во бројот на опциите

Мислења
8

И ти можеш на Светско

Спорт
1

Ги реметеа за шинобусот, ама селото колку пола Лисиче стана Бундеслигаш

Фудбал
2

Тотенхем се за грев и Рајанер се мајтапи со нив

Фудбал
3

Чкембари: Не сакаме повеќе да живееме со нив во иста држава

Навивачи
4

Жестоко исвиркана македонската химна на финале на Куп

Фудбал
5

Последен пат кога Арсенал беше шампион на Англија

Фудбал
6

Кузмановски се сели во Кувајт, ќе игра азиска Лига на шампиони

7

Тоа се тие валкани игри што ретко кој ги гледа

Кошарка
8

Како реагираа фудбалерите на Арсенал на крајот на 22 годишното проклетство

Фудбал
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Заблуди за далматинските пршути и панцети

Македонштина

Наш човек по стилот ќе го познаеш?

Балканштина

Српски коментаторски таленти 3

Македонштина

Фосилитe тазе ли ви се?

Разно

Македонија до Колумбија

Разно

Видиковецот, среден

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Автобуска приказна на денот

Не е до гитарата, до човекот е

Брат, брат, ама па преку брат

Македонија игра на долги патеки

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy