- Најдобриот македонски ракометар, капитенот и лидер на репрезентацијата и на Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски ќе замине од Битола и наскоро ќе оди во Кувајт „на печалба“.
- Кузмановски добил богата понуда од Кувајт Сити за кого ќе игра во азиската Лига на шампиони која ќе трае од 6-ти до 15-ти јуни.
- Покрај Кузмановски богатиот кувајтски клуб веќе се засилил со четворица други странци а таму во составот веќе се Катарецот Франкис Марсо, Владан Липовина од Црна Гора и Виктор Итуриза од Португалија.
- Во Катар работи и Петар Мисовски, некогашниот репрезентативен голман кој е тренер на голманите во тимот Ал Духаил со кого ќе игра исто на азиската Лига на шампиони.
- На овој богат турнир ќе се појави и Мартин Серафимов кој е најавен како засилување за Ал Араби од Катар а Дмитро Хориха од Вардар 1961 и Кристијан Пилиповиќ од Охрид привремено ќе заминат во Кувајт за да играат во истата азиска Лига на шампиони.
- Победникот на овој турнир во Азија, ќе обезбеди место на Супер Глоуб турнирот кој е неофицијално ракометно светско клупско првенство.
- Елмин Растодер го разби малерот на македонската фудбалска репрезентација, која осум натпревари беше во серија без постигнат гол. По мечот со Шкотска изјави дека се работи за вежбана комбинација.
- „Горд сум што го постигнав првиот гол за Македонија, но штета што не успавме да стигнеме барем до еден бод. Одигравме добар натпревар, бевме спремни, но понекогаш таков е фудбалот. Комбинацијата од корнер ја трениравме, јас истрчав на прва статива, Барди ја испрати токму таму топката и погодив со глава.
- Сакам уште еднаш да кажам дека сум многу горд што постигнав гол за нашата држава, тоа е мојата задача, напаѓач сум. Тоа ми дава енергија да постигнам погодок и на следниот натпревар против Словенија“, рече напаѓачот на Панатинаикос.
- „Овој натпревар го реши ВАР, немам што да им замерам на момците, одиграа одличен натпревар, кога играте со ваква репрезентација мора да сте на високо ниво, тие ги искористија своите шанси и дојдоа до победата.
- Полека, полека фудбалерите ги разбираат моите замисли, жално е за резултатите, добро е за фудбалерите што дадовме гол бидејќи цело време се спомнуваше, знам дека тие можат повеќе.
- Ние со ваква игра можеме да се носиме со силни репрезентација. Одигравме машки и борбено, го исполнија тоа што барам, го оставија срцето на теренот, штета што загубивме, се надевам на подобри денови“, изјави по мечот селекторот Гоце Седлоски.