Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Трубарево: Луѓето во непосредна близина на пожарот да ги напуштат домовите

14 September 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • „Пожарот во Трубарево е локализиран, нема опасност за негово проширување, но уште е активен. За да се елиминира опасноста од загаденоста на воздухот на жителите што се најблиску до жариштето им се препорачува да ги напуштат домовите и им се ставени на располагање сместувачките капацитети  во Центарот за обука во Идризово“, рече на прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по седницата на Управувачкиот комитет за справување со кризи.
  • Тој соопшти дека Дирекцијата за радијациска сигурност утврдила дека нема радијациско зрачење, додека АБХО единицата на Министерството за одбрана констатирала дека во непосредна близина има висока концентрација на штетни супстанци на 150 метри од жариштето.
  • „На 200 метри загаденоста е ниска, а над 400 метри не е констатирана висока загаденост“, рече Тошковски.
  • Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност, рекол министерот.

 

извор

Гори во Трубарево

13 September 2025
  • Share
  • Post
  • Висок столб од густ црн чад се крева источно од Скопје е пожар во фирмата „Нулта отпад“ во селото Трубарево, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.
  •  „Преку бројот за итни повици Е-112 е добиена пријава за голем пожар во Општина Гази Баба, поточно во село Трубарево, каде што гори фабрика за пластични работи. Екипи од противпожарната бригада на Град Скопје се на веќе интервенираат за гаснење на пожарот“, изјави директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али.
  • „Има голем пожар во Трубарево, зафатени се отпадни материи, се гасне со повеќе екипи“ изјави Звонко Томевски, командир на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје.
  • Бригадата претходно интервенирала и во гаснење на пожар во стара Цементара во Горно Лисиче.

извор

Трамп испраќа национална гарда во Мемфис

13 September 2025
  • Share
  • Post
  • Мемфис, Тенеси, ќе биде следниот американски град во кој претседателот Доналд Трамп ќе испрати припадници на Националната гарда за да „воведат ред“.
  • „Одиме во Мемфис. Мемфис е во длабоки проблеми“, порача Трамп, без да најави кога точно би ги испратил трупите. Тој претходно предупреди дека ќе нареди распоредување припадници на Националната гарда во Њу Орлеанс, Балтимор и Чикаго.
  • Градоначалникот на Мемфис, демократот Пол Јанг, изјави дека не побарал распоредување на војска. „Мислам дека тоа не е начин да се смири криминалот“, изјави Јанг, но најави дека заедницата би имала полза ако распоредувањето се спроведе на стратегиски начин: „Потребни ни се финансиски средства за интервенција и спречување, повеќе патролни офицери и поддршка“.
  • Според податоци на ФБИ, Мемфис е град со една од највисоките стапки на криминал во САД. На 100.000 жители има 2.501 случај на насилен криминал.
  • Трамп на 11 август нареди федералните власти да ја преземат контролата на Вашингтон ДК од градската полиција и ја активираше Националната гарда во главниот град на САД. Мерката со времетраење од 30 дена измина пред два дена, но се очекува федералните трупи да останат. Откако тие уапсија стотици осомничени лица, Трамп објави: „Вашингтон ДК сега е речиси ослободен од криминал“.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Ако не прашаш, како ќе знаеш?

Балканштина
2

Голема новост од УЕФА со ново правило во Лига на шампиони

Фудбал
3

Скандалозен коментар на Шенгун - велича масакр над Грците

Кошарка
4

Гори во Трубарево

5

Елмас си го бара назад голот кој му е ремек дело

Фудбал
6

Не е можно да си до толку глуп

Фудбал
7

Мосад бил против нападот во Катар

Свет
8

Сакаат да ме замолчат

Музика
1

Гори во Трубарево

2

Мосад бил против нападот во Катар

Свет
3

Нов обид на Брисел да црпне од запленетите руски милијарди

Свет
4

Трамп испраќа национална гарда во Мемфис

5

Вакцината против ковид поврзана со 25 смртни случаи кај деца

Здравје
6

Главчев потврди дека е рекетираниот бизнисмен

7

Трубарево: Луѓето во непосредна близина на пожарот да ги напуштат домовите

8

НАТО го засилува источното крило

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Метропола ни на небо ни на земја

Балканштина

Ако не прашаш, како ќе знаеш?

Македонштина

Осомничен предлог

Македонштина

Погодете кој „езерски бисер“ е ова?

Балканштина

Виенско педигре

Балканштина

Некои женски имаат среќа со партнерот

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Треба прво да се одмразат

Амин!

Имате ли видено појак дизајн од ова?

Ја тебја рубљу

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy