ГСД: Ние резултат од референдум не почитувавме, не па црвени линии
3 September 2025
- Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова вели дека не го разбира предлогот на СДСМ за изготвување резолуција со црвени линии. Таа додава дека Собранието до сега донело повеќе декларации кои не биле почитувани.
- „Ние дури и референдумски резултат не почитувавме, а камо ли црвени линии. Не разбирам што значи црвена линија во овој поглед, особено не ја разбирам аргументацијата дека доколку сепак соседот посегне по вето ние тогаш ќе ги прекинеме преговорите. Да, ќе ги прекинеме преговорите и тоа му одговара на соседот ама ќе го смениме Уставот по 37. пат“, вели таа.
- „Нека седнат во Собранието нека се договорат пред да даваат изјави во Брисел да постигнат консензус за тоа како ќе се однесуваме. Ако така се однесуваа досега, мислам дека и ЕУ поинаку ќе се однесуваше“, вели претседателката.