
Во новата романтична драма „Материјалисти“ со Дакота Џонсон, Педро Паскал и Крис Еванс, има сцена во која се опишува совршениот маж, тн. „еднорог“ во светот на модерниот „дејтинг“. Тој е згоден, богат и - висок, најмалку 182 цм.
Но „еднорогот“ за којшто станува збор, секако Паскал, подоцна излегува дека не бил баш совршен, затоа што пред да се запознае со Луси (Дакота Џонсон) имал - 152 цм. Како пораснал? Па со операција, која му оставила лузни но го направила поатрактивен и полн со самодоверба.
Колку и да звучи страшно, процедурата постои и подразбира кршење на бутните коски и поставување на метални шини што секој ден постепено се раздвижуваат со клуч, милиметар по милиметар, додека телото создава ново ткиво.
Секојдневието е исполнето со болка, физиотерапија и страв од компликации: згрутчување на крв, оштетени нерви, хронична болка или т.н. „синдром на балерина“, кога тетивите не се растегнуваат доволно. Некои пациенти дури починале од последици по операцијата.
Во детален текст (СО СЛИКИ!) се опишува искуство од таква клиника во Турција со соодветно име - „Wanna Be Taller“ прима главно мажи, иако има и жени. Некои доаѓаат иако веќе се високи повеќе од 180 см, затоа што чувството на „нискост“ е релативно. Пациентот чијашто приказна е раскажана, Френк, има тетоважа „self made“ на рацете и ликот на Арнолд Шварценегер на ногата – симбол дека сам си ја „прави висината“. И покрај силната болка и речиси смртоносна емболија, тој продолжува да верува дека жртвата вреди. На крај успева да порасне 7,3 сантиметри, нешто помалку од целта (9, за да биде доста повисок од партнерката).
Дали Дакота Џонсон ќе се одлучи за Паскал и откако ќе ја дознае оваа информација? Ќе ве оставиме да си проверите.