- САД ја дуплираа на 50 милиони долари наградата за информација што би водела кон апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, кого го обвинуваат за трговија со дрога и врски со наркокартели.
- „Мадуро соработува со озлогласените криминални групи Трен де Арагва и картелот Синалоа“, изјави обвинителката Пам Бонди.
- Државниот секретар Марко Рубио претходно изјави дека Мадуро повеќе од една деценија бил лидер на наркокартелот Де лос Солес и е директно одговорен за шверц на дрога во САД.
- Првата награда што во 2020 година ја понудија САД за апсење на Мадуро беше 15 милиони долари. Во јануари, кога Мадуро го почна својот трет мандат, беше зголемена на 25 милиони.
- „Достоинството на нашата татковина не е на продажба. Ја отфрламе оваа груба политичка пропаганда... Додека ги разоткриваме терористичките заговори оркестрирани од нејзината влада, оваа жена прави циркус за да ѝ удоволи на екстремната десница во Венецуела“, одговори шефот на венецуелската дипломатија Иван Хил.
- Канцеларот Фридрих Мерц објави дека Германија повеќе нема да извезува во Израел оружје и воена опрема што би можеле да бидат употребени во Газа.
- „Тешко е да се разбере како операцијата за окупирање на градот Газа ќе му помогне на Израел да ги исполни своите цели. Во овие услови, германската влада нема да одобрува никаков извоз на воена опрема што би можела да се употреби во Газа“, изјави канцеларот.
- Откако на 7 октомври 2023 година почна војната во Газа, па се до 13 мај годинава, Германија одобрила лиценци за извоз на воена опрема на Израел во вредност од 487 милиони евра.
- Претходниот канцелар Олаф Шолц тивко го намали извозот на оружје од 326,5 милиони евра во 2023 година на 161 милион лани, но и тоа е пет пати повеќе отколку во 2022 година.
- Опен АИ го претстави ГПТ-5, алатка со вештачка интелигенција од новата генерација, за која тврди дека нуди експертиза на докторско ниво.
- „ГПТ-3 беше како да разговарате со ученик, ГПТ-4 како со студент. ГПТ-5 е првиот што остава впечаток дека разговарате со експерт од рангот на доктор за која било тема“, вели шефот на Опен АИ, Сем Алтман.
- Со слични епитети сите компании за ВИ ги претставуваат новите модели. Илон Маск неодамна го претстави Грок како „подбар од доктор во сè“.
- За разлика од своите претходници, ГПТ-5 е повеќе насочен кон програмерите. Опен АИ тврди дека е „почесен, попрецизен и почовечен“.
- „Новиот модел е попаметен, побрз и покорисен. Да се има нешто како ГПТ-5 би било незамисливо во историјата на човештвото“, објави Алтман.