Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Трамп очекува средба со Путин, Зеленски ќе почека

7 August 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Американскиот претседател Доналд Трамп е убеден дека би можел да се сретне со рускиот Владимир Путин веќе во текот на идната недела, а дури потоа би им се придружил и украинскиот Володимир Зеленски, во обид да почнат преговори за крај на војната.
  • Трамп го изложил својот план во телефонски разговор со Зеленски и со неколкумина европски лидери - британскиот премиер Кир Стармер, германскиот канцелар Фридрих Мерц, финскиот претседател Александер Стуб и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Не е планирано Европа да има свој претставник на мировните средби.

  • Кремљ ниту ја демантираше ниту ја потврди најавата за самитот. Путин уште во јануари изрази спремност да се сретне со Трамп „за да разговараат смирено за сите прашања што се од заеднички интерес на САД и на Русија“, но одбива средба со Зеленски.
  • Оптимизмот на Вашингтон го крена мисијата на специјалниот претставник Стив Виткоф, кој вчера во Москва три часа разговараше со Путин. Нема детали за разговорите, но државниот секретар Марко Рубио изјави: „Можеби првпат имаме некои конкретни примери што бара Русија за да заврши војната“. Тој додаде дека „клучен елемент од било каков договор ќе бидат територии“.

извор

Германија запре извоз на воена опрема за Израел

8 August 2025
  • Share
  • Post
  • Канцеларот Фридрих Мерц објави дека Германија повеќе нема да извезува во Израел оружје и воена опрема што би можеле да бидат употребени во Газа.
  • „Тешко е да се разбере како операцијата за окупирање на градот Газа ќе му помогне на Израел да ги исполни своите цели. Во овие услови, германската влада нема да одобрува никаков извоз на воена опрема што би можела да се употреби во Газа“, изјави канцеларот.
  • Откако на 7 октомври 2023 година почна војната во Газа, па се до 13 мај годинава, Германија одобрила лиценци за извоз на воена опрема на Израел во вредност од 487 милиони евра.
  • Претходниот канцелар Олаф Шолц тивко го намали извозот на оружје од 326,5 милиони евра во 2023 година на 161 милион лани, но и тоа е пет пати повеќе отколку во 2022 година.
извор

Алтман го претстави „докторот“ ГПТ-5

8 August 2025
  • Share
  • Post
  • Опен АИ го претстави ГПТ-5,  алатка со вештачка интелигенција од новата генерација, за која тврди дека нуди експертиза на докторско ниво.
  • „ГПТ-3 беше како да разговарате со ученик, ГПТ-4 како со студент. ГПТ-5 е првиот што остава впечаток дека разговарате со експерт од рангот на доктор за која било тема“, вели шефот на Опен АИ, Сем Алтман.
  • Со слични епитети сите компании за ВИ ги претставуваат новите модели. Илон Маск неодамна го претстави Грок како „подбар од доктор во сè“.
  • За разлика од своите претходници, ГПТ-5 е повеќе насочен кон програмерите. Опен АИ тврди дека е „почесен, попрецизен и почовечен“.
  • „Новиот модел е попаметен, побрз и покорисен. Да се има нешто како ГПТ-5 би било незамисливо во историјата на човештвото“, објави Алтман.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Нешто ќе те питам ЧетГПТ, право да ми кажеш

Забава
2

Луѓе, знаете дека е фајронт?

Забава
3

Не, немате вие чуден комшија

Балканштина
4

„Мене ми е смешен“ тип на човек кој кажува вицови

Балканштина
5

Полска го достигна животниот стандард на Јапонија

Бизнис
6

Либералите во 2025 година

Забава
7

Хрватска уште е наша, балканска

Балканштина
8

Како се калеше кинескиот челик

Технологија
1

Полска го достигна животниот стандард на Јапонија

Бизнис
2

Како се калеше кинескиот челик

Технологија
3

Британците ни го украдоа СВОЗ

Свет
4

Кина запре пустина голема колку Германија

Разно
5

Трговската војна помеѓу САД и Индија може да ја офајди Кина

Свет
6

Премиер со вештачка интелигенција

Свет
7

Нема потреба од боцкање, ќе се клукаме со ново апче за слабеење

Здравје
8

САД даваат 50 милиони за апсење на Мадуро

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Не, немате вие чуден комшија

Балканштина

„Мене ми е смешен“ тип на човек кој кажува вицови

Балканштина

Хрватска уште е наша, балканска

Македонштина

Солун е ваш

Македонштина

Ја сфаќате ли сега важноста на Стојанче?

Македонштина

Лов на лакоми кленови

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

И кај нас стигнаа транс- деца

Она што останува кога ќе умреш

Добро ве најдовме

"Драги, готово е!"

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy