Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Шкендија дозна со кого ќе се бори за Лига на шампиони ако го помине Карабах

4 August 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Македонскиот шампион Шкендија може да биде задоволен од тоа како помина на денешната ждрепка за последното 4. квалификациско коло (плејоф) за влез во Лига на шампиони. Црвено-црните би играле против победникот од двомечот на унгарскиот шампион Ференцварош и бугарскиот Лудогорец.
  • Според ждрепката првиот натпревар во евентуалниот бараж Шкендија би го играла на гостински терен на 19 или 20 август, додека реваншот во Скопје би бил на 26 или 27.
  • Но претходно Тетовци ќе имаат исклучително тешка задача против шампионот на Азербејџан Карабах. Првиот меч се игра веќе утре вечер во Скопје, а реваншот е за 7 дена на гости. 
  • Црвена звезда ако го мине полски Лех Познањ, на последното скалило ќе се соочи со подобриот од двомечот Динамо Киев - Пафос. Боде Глимт ќе игра против Штурм Граз, Селтик против подобриот од двомечот Слован - Каират, а Базел ќе се судри против еден од Копенхаген или Малме.
  • Во патот за шампиони Феенорд или Фенербахче ќе играат против Бенфика или Ница, а Ренџерс или Викторија Плзен ќе се сретнат со Клуб Бриж или Салцбург.
извор

Македонските миланези ја отворија кампањата за нови сезонски членски

5 August 2025
  • Share
  • Post
  • Бројните навивачи на Милан во Македонија, обединети под групата Milan Fans Macedonia ја отворија кампањата за членство во истата за новата сезона 2025/2026.
  • Членскиот пакет за 2025/26 сезона вклучува: Официјална AIMC членска картичка, дуксер Милан Фанс Македонија, подарок од AIMC и привилегија при купување влезници за дуелите на Милан на „Сан Сиро“.
  • Цена за обнова на членство (за сите постоечки членови од сезоната 2024/25): 1.800 денари. Цена за нови членови: 2.000 денари.

 

извор

Дестани: Вечерва да нема говор на омраза и достоинствено да навиваме

5 August 2025
  • Share
  • Post
  • Македонскиот шампион Шкендија е пред најголемиот предизвик во клупската историја. Тетовчани вечерва започнуваат нова битка во квалификациите во Лигата на шампионите, а во пресрет на првиот дуел со Карабах, свое обраќање имаше првиот човек на Шкендија Лазим Дестани.
  • Финансиерот и сопственик на клубот испрати порака до фановите да не подлегнуваат на провокации и да не се дозволи говор на омраза во ниту една форма.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

„Предавник“ на српски

Балканштина
2

Бугарска битка за невестата

Балканштина
3

Лов на лакоми кленови

Македонштина
4

Влез во САД со кауција од 15.000 долари

5

Пчелар на денот

Балканштина
6

Важно за нас визите уште ги држат

Разно
7

И тие гласаа за НАСА, Илон Маск...

Македонски рулет
8

Кога сакаш да ги избегнеш македонските граници

Балканштина
1

Тајната на 12-годишното чудо од Кина кое освои бронза на Светско првенство

Разно
2

Тер Штеген одби да ја послуша Барселона, управата го казни

3

Како изгледа приватниот музеј на Бане Ивановиќ

Фудбал
4

Филмот „Формула 1“ со Бред Пит прави попара по Азија и Европа

Разно
5

Првпат виден протест - фрлени куфери на терен

Навивачи
6

Де Ѕерби во клинч со играч на тренинг во Марсеј

Фудбал
7

Дестани: Вечерва да нема говор на омраза и достоинствено да навиваме

8

Два нови гола на Нејмар, му прати порака на Анчелоти

Фудбал
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Ја сфаќате ли сега важноста на Стојанче?

Македонштина

Лов на лакоми кленови

Балканштина

Кога сакаш да ги избегнеш македонските граници

Балканштина

„Предавник“ на српски

Балканштина

Лежерен бизнис модел

Медиуми

Главни вести за втори август

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Климент, отец на својата светлина

Музичка честитка од Македонија

Елвис ова го нема слушано

„Јас сум пештерски човек"

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy