- Бројните навивачи на Милан во Македонија, обединети под групата Milan Fans Macedonia ја отворија кампањата за членство во истата за новата сезона 2025/2026.
- Членскиот пакет за 2025/26 сезона вклучува: Официјална AIMC членска картичка, дуксер Милан Фанс Македонија, подарок од AIMC и привилегија при купување влезници за дуелите на Милан на „Сан Сиро“.
- Цена за обнова на членство (за сите постоечки членови од сезоната 2024/25): 1.800 денари. Цена за нови членови: 2.000 денари.
- Веќе неколку години познатите светски тенисерки се мета на кладилничари кои типувале на нивни натпревари па кога тенисерката ќе загуби меч, во фрустрација и праќаат навредливи и заканувачки пораки.
- Последна таква во низа која ги откри лудаците беше украинската тенисерка Елина Свитолина која им напиша: „До сите кладилничари, јас сум пред сè мајка. Начинот на кој вие разговарате со жените, со мајките е СРАМЕН. Ако вашите мајки ги видат пораките, ќе бидат посрамени“.
- Македонскиот шампион Шкендија е пред најголемиот предизвик во клупската историја. Тетовчани вечерва започнуваат нова битка во квалификациите во Лигата на шампионите, а во пресрет на првиот дуел со Карабах, свое обраќање имаше првиот човек на Шкендија Лазим Дестани.
- Финансиерот и сопственик на клубот испрати порака до фановите да не подлегнуваат на провокации и да не се дозволи говор на омраза во ниту една форма.