Словенија прва во ЕУ воведе санкции за Израел
18 July 2025
- Словенија стана првата членка на ЕУ што воведе санкции за израелските власти поради бруталната војна во Газа.
- На министрите Безалел Смотрич и Итамар Бен Гвир од кабинетот на Бенјамин Нетанјаху им е забранет влезот во Словенија поради нивните „геноцидни изјави“.
- „Двајцата министри јавно се залагаа за проширување на илегалните израелски доселенички населби на Западниот Брег, на присилно иселување на Палестинци и повикуваа на насилство против цивилното палестинско население“, објави министерката за надворешни работи Тања Фајон.
- Министерката додаде дека одлуката е реакција на одлуката на нејзините колеги од ЕУ на состанокот во вторникот да не преземат колективна акција против Израел поради прекршување на човековите права.
- Словенија лани ја призна Палестинската Држава. Претседателката Наташа Пирц Мусар во мај пред Европскиот парламент го осуди геноцидот во Газа и побара од ЕУ да преземе цврста акција против Израел.