- Документарниот филм на ББЦ „Газа: Како да се преживее воена зона“ ги прекршил уредувачките норми за точност, бидејќи на гледачите не им било откриено дека детето-наратор е син на министер на Хамас, откри интерна ревизија.
- Документарецот во независна продукција на Хојо филмс беше повлечен од содржината на ББЦ по реакциите.
- „Статусот на таткото е критична информација, која не била споделена со ББЦ пред емитувањето. Без оглед како била оценета важноста на позицијата на таткото на нараторот, публиката требало да биде информирана за ова“, заклучи Питер Џонстон, директор за жалби и рецензии на ББЦ.
- Никое од лицата ангажирани во филмот не биле членови на Хамас ниту биле цел на финансиски санкции. На нараторот му бил платен хонорар од 795 фунти.
- Европската комисија подготвила список американски производи што би биле опфатени со евентуалните царински контрамерки, ако пропаднат преговорите со САД за постигнување трговски договор до 1 август.
- Најновата закана од Доналд Трамп за членките од ЕУ е основна тарифа од 30%, која се очекува да ја десеткува трговијата.
- На европскиот список за контратарифи се американски производи со проценета увозна вредност од 72 милијарди евра - авиони, машини, автомобили, хемикалии, медицинска опрема, електрични апарати и прецизни уреди. Вклучени се и земјоделски и прехрамбени производи, разни овошја и зеленчуци, вино, пиво и жестоки пијалоци, во вкупна вредност од 6,35 милијарди евра.
- Во април, кога Трамп првпат им се закани на европските партнери со „реципрочни“ тарифи од 20%, ЕУ одобри царини за американски производи во износ од 21 милијарда евра. Тие мерки итно беа суспендирани за да почнат преговори.
- Во мај Трамп се закани со тарифи од 50%, а ЕУ го зголеми пакетот на американска стока од 95 милијарди евра.