- Лидерот на британските Реформисти сака Велика Британија да бара враќање пари од Франција, бидејќи Емануел Макрон не успеа да ги запре преминувањата на мали чамци преку Ла Манш.
- Фараж вели дека е „смешно“ кога се гледа како француските воени бродови ги придружуваат чамците со мигранти во британските води и тврди дека за решавање на овој проблем, Велика Британија ѝ дала 800 милиони фунти на Франција.
- Тој го нафрли овој предлог во време кога Стармер и Макрон преговараат договор по кој би можело од островот да се враќаат по 50 мигранти неделно.
- Официјалните бројки покажуваат дека повеќе од 44.000 мигранти го преминале каналот откако лабуристите дојдоа на власт во јули минатата година.
- Европската комисија подготвила список американски производи што би биле опфатени со евентуалните царински контрамерки, ако пропаднат преговорите со САД за постигнување трговски договор до 1 август.
- Најновата закана од Доналд Трамп за членките од ЕУ е основна тарифа од 30%, која се очекува да ја десеткува трговијата.
- На европскиот список за контратарифи се американски производи со проценета увозна вредност од 72 милијарди евра - авиони, машини, автомобили, хемикалии, медицинска опрема, електрични апарати и прецизни уреди. Вклучени се и земјоделски и прехрамбени производи, разни овошја и зеленчуци, вино, пиво и жестоки пијалоци, во вкупна вредност од 6,35 милијарди евра.
- Во април, кога Трамп првпат им се закани на европските партнери со „реципрочни“ тарифи од 20%, ЕУ одобри царини за американски производи во износ од 21 милијарда евра. Тие мерки итно беа суспендирани за да почнат преговори.
- Во мај Трамп се закани со тарифи од 50%, а ЕУ го зголеми пакетот на американска стока од 95 милијарди евра.