По седум години повторно отворен комплексот „Македонско село“
19 June 2025
- Нов концесионер е фирмата „Ла Тераца“ чија понуда беше избрана за најповолна на јавниот повик што го распиша Службата за општи и заеднички работи.
- „Ги повикувам сите оние кои што не го посетиле „Македонско село“, да дојдат во посета, да уживаат овде, во тоа што го нуди овој објект. И се разбира, во периодот кој што следи, да се погрижиме сето она кое што за жал изминативе седум години беше заборавено, уништено, девастирано, полека, но сигурно го обновуваме и повторно му го враќаме сјајот и го ставаме во функција, едно по едно, во зависност од приоритетите и можностите. Туризмот, како што знаете, веќе го коментиравме на почетокот на годината, бележи вонредни резултати. Кај странските гости имаме посебно голем раст, повеќе од 20 отсто споредено со истиот период од минатата година“, рекол на отворањето премиерот Мицкоски.
- „Комплексот е многу значаен за Скопје, многу значаен за Република Македонија од неколку аспекти. Еден од аспектите е дека во суштина ова е идентитетот, културата на нас Македониците, бидејќи има 12 куќи кои имаат сопствена архитектура и тоа ја прераскажува нашата многувековна историја. Покрај тоа што ја кажува историјата и идентитетот, со овој комплекс ќе се овозможи дополнителна туристичка дестинација за градот, зголемен број на туристи и отворање на нови работни места“, рекол директорот на СОЗР, Ивица Томовски.