За намалување сообраќајки: Штоп-светла и напред
19 June 2025
- Научниците од Техничкиот универзитет во Грац дошле до сознание дека дополнителни стоп-светла на предниот дел од возилото би влијаеле врз безбедноста во сообраќајот и би можеле да спречат до 17 проценти од судирите на раскрсниците.
- Додека конвенционалните стоп-светла ги предупредуваат само возилата зад вас, предните стоп-светла би сигнализирале и до другите возила што се случува кај вас.
- Предлагаат овие предни стоп-светла да светат зелено наместо црвено а би можеле лесно да се интегрираат во дизајнот на возилото.
- Клучот е во кратење на времето на реакција, што е решавачка разлика меѓу судар и правовремено кочење.