- „Жителите на Техеран наскоро скапо ќе платат за иранските напади на цивилни цели“, изјави израелскиот министер за одбрана, Израел Кац по нападот со балистички ракети кој Иран го изведе пред зори.
- Извештаи велат дека поголемиот дел ракети Израел успева да ги неутрализира но Железната купола не е семоќна па ракети имаат паднато во густо населениот Тел Авив. За четири дена Техеран пуштил 370 балистички ракети и стотици дронови.
- Иранската револуционерна гарда соопшти дека во последниот напад користеле нов метод со кој ги измамиле израелските повеќеслојни одбранбени системи. „Ги натеравме сами на себе да пукаат.“
- Во Ирак и другите земји се гледа како ракети паѓаат на Тел Авив како да е Светски куп во фудбал.
- На крајот од оваа или почетокот на следната година, во Хрватска ќе биде активирана задолжителната воена служба, која беше замрзната на почетокот на 2008 година.
- Освен воена обука на регрутите, ќе биде овозможена цивилна воена служба за оние кои ќе поднесат приговор на совеста. Тоа е за оние кои од религиозни, морални или други причини не сакаат да држат оружје во рацете и да се обучуваат за стандардни воени должности.
- Таквите, цивилниот рок на службата ќе го отслужуваат во Цивилна заштита или во единициите на локална и регионална самоуправа.
- Војска ќе се служи два месеца и за тоа ќе се добие надокнада од 1.100 евра. Оние со цивилно служење ќе добиваат битно помалку, 250 евра месечно.
- На поранешниот француски претседател Никола Саркози му е одземено највисокото одликување во Франција, признанието Легија на честа.
- Ова следи по неговата пресуда за корупција во случај кога беше прогласен за виновен за нелегални обиди за добивање услуги од судија.
- Саркози е вториот француски шеф на држава на кого му е одземена наградата, после Филип Петен, кој го предводеше колаборационистичкиот режим на Виши за време на Втората светска војна и беше осуден во август 1945 година за велепредавство и заговор со нацистичките окупатори.
- Емануел Макрон беше против одземање на признанието на Саркози, со објаснување дека „поранешните претседатели треба да бидат почитувани.“ Мисли на себе човекот за утре, задутре.
- Легијата на честа, највисокиот француски орден за цивилни и воени заслуги, е создадена во 1802 година од Наполеон Бонапарта.