Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Кинези фатени со „агротерористичко“ оружје во САД

5 June 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Двајца кинески државјани се приведени во САД поради шверц на токсична габа, која е опишана како потенцијално „агротерористичко оружје“ за уништување прехранбени култури.
  • Јунчинг Џијан, вработена како истражувач на Универзитетот во Мичиген и нејзиното момче Ѕунјонг Лиу, вработен на универзитет во Кина, со себе донеле во САД примероци од Fusarium graminearum, габа што скаменува зрна на пченка, пченица и други жита.
  • Лиу во Џеџијанг работел на проучување биолошки патогени со потенцијал да заразат земјоделски култури. Сакал да ги испита габите во лабораториите на кои работи неговата девојка.
  • Лиу бил итно депортиран во Кина, а Џијан е уапсена. Истрагата утврдила дека таа добивала финансии од Комунистичката партија на Кина за истражување патогени, изјави директорот на ФБИ, Каш Пател.
  • Државниот секретар Марко Рубио пред една недела најави дека САД „агресивно“ ќе ги поништуваат визите на кинеските студенти, особено на оние кои одржуваат врски со Комунистичката партија и кои работат на „критични полиња“.
извор

Медведев им фаќа сеир на Трамп и Маск

6 June 2025
  • Share
  • Post
  • Јако тролање дојде од рускиот државник Дмитриј Медведев на кавгата на која цел свет фаќа сеир: онаа меѓу довчерашните „браќа и соборци“, Доналд Трамп и Илон Маск.
  • „Подготвени сме да го олесниме склучувањето на мировен договор меѓу Д. и И. за разумна цена и да прифатиме акции на Старлинк како метод на плаќање“, порача тој. 
  • „Не се карајте дечки“, ги советуваше Трамп и Маск заменик претседателор на Советот за безбедност на Руската Федерација. 
  • Друг руски политичар (Дмитриј Новиков, заменик претседател на комитетот за надворешна политика на руската Дума) великодушно му понуди на Маск политички азил, ако му треба. 
извор

Русија возврати на „Пајажина“ со бомби врз Киев

6 June 2025
  • Share
  • Post
  • Русија го бомбардираше Киев со 407 дронови и 45 проектили, како одговор на украинската операција „Пајажина“ во која беа уништени или оштетени неколку десетици руски бомбардери во четири бази далеку од фронтот.
  • Во Киев загинале тројца пожарникари што извлекувале луѓе од станбени згради додека нападот сè уште траел. Ранети биле 20 луѓе во Киев и уште 29 во други градови.
  • За лансирање на проектилите Русија користела два бомбардери ТУ-95 и два ТУ-160, значително помалку во споредба со претходните напади. 
  • Претседателот Владимир Путин во телефонски разговор го известил американскиот Доналд Трамп дека Москва ќе одговори на украинската операција против руските бомбардери, која е оценета како „терористички напад“.
  • „Тие влегоа длабоко во Русија и Путин ми кажа дека немаат избор освен да возвратат... Можеби би било добро Украина и Русија уште малку да се борат отколку итно да преговараат за мир“, изјави Трамп.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Маца се наапал на Визер

Видео
2

Само една земја е способна самата да се нахрани

Свет
3

Овациите на цел стадион за Ѓоковиќ

Разно
4

Џасмин од Австралија ја откри македонската храна

Разно
5

Викинзите стануваат црни и муслимани

Разно
6

Всичко живо да ни псува, oт целувките ни бясно да ревнува

Онака
7

Ѓоковиќ и Сабаленка, епизода 2

Разно
8

Македонија појака и од ВАР - Алиоски со спектакуларен гол за реми со Белгија

Фудбал
1

Само една земја е способна самата да се нахрани

Свет
2

Викинзите стануваат црни и муслимани

Разно
3

Трамп и Маск ја спукаа за сите пари

Свет
4

Русија возврати на „Пајажина“ со бомби врз Киев

5

Јапонското летало се урна на Месечината

6

Кинези фатени со „агротерористичко“ оружје во САД

7

Глобалната ковид реакција беше глобална утка

Свет
8

Забранет влез во САД за жители од 12 земји

* за последни 24 часа

Локалности

Разно

Џасмин од Австралија ја откри македонската храна

Балканштина

Прогресивкиве ќе нè приближат до талибанците

Македонштина

Видео разгледница од Република Фушерај

Македонштина

Зошто Македонија нема Onlyfans ѕвезди?

Балканштина

Во одбрана на својот рецепт

Балканштина

Некогаш мора вака

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Исповед на еден уплашен богаташ

Скопје, навидум обичен град

Човекот кој можеше да ги отпее сите таги на светот

Сублиминалните пораки на Екрем

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy