Компанијата Опен АИ ќе остане под надзор на својата непрофитна матична организација, откако ги отфрли плановите за целосно реструктиурање во класична компанија за профит.
Новата управувачка рамка настојува да постигне баланс помеѓу желбата на инвеститорите за профит и институционалната одговорност за „развој на сигурна вештачка интелигенција за доброто на човештвото“.
Профитниот дел се претвора во „корпорација од корист за јавноста“, но непрофитниот ќе го задржи правото на вето за клучни одлуки како именување директор, усвојување буџет и одобрување истражувачки проекти од висок ризик.
Илон Маск, еден од коосновачите на Опен АИ, ја тужеше компанијата, тврдејќи дека со реструктиурањето ги крши своите изворни обврски - да остане непрофитна и да служи за јавно добро. Судењето е закажано за во март 2026 година.
Кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот Владимир Путин објавија дека нивните земји треба да бидат „челични пријатели“, да ја засилат соработката и решително да се спротивстават на влијанието на САД.
Во долго соопштение по средбата во Кремљ, Си и Путин најавија продлабочување на односите во сите сфери, вклучувајќи ги и воените.
Си утре ќе биде меѓу државниците што од почесната ложа на Црвениот плоштад ќе ја следат воената парада по повод Денот на победата над фашизмот.
Спроти парадата Путин прогласи тридневно примирје во војната во Украина. Киев не го прифати примирјето, но денеска немало напади со дронови врз Москва, како во претходните три дена.