Автобуска окупација

Здраво Трендо,

Секој ден, особено за викенд, во периодот од март до ноември особено, на ул. 11 март (порано Иљо војвода),односно сервисната улица кај комплексот музеи и МНТ, сервисната улица е блокирана од туристички автобуси од државата и странство, до толку што не можеме да се разминеме со нашите автомобили, а не дај боже за пожарна или Брза помош. Пајак службите ги казнуваат само автомобилите, а за автобусите не се презема ништо. На наша реакција се влегува дури и во расправии. 

Од кога почна војната на Блискиот исток, меѓу Музејот на македонската борба и МНТ има возило на Интервентна полиција, но од нивна страна не е постапувано, дури ни укажувано дека не смеат да се паркираат тука. Ќе ве замолам за итно постапување и мерки, со оглед на тоа што дека веќе е сезона и настапуваат повторно автобусите. 

Бојан

 

7 мај 2025 - 09:26