Мартин Скорсезе најавува документарец кој ќе го вклучи последното интервју на Папата

„Алдеас: нова приказна“ ќе ја истражува работата на организацијата која понтифот ја основал за да ги поврзе младите луѓе низ светот.

фото: ЕРА Images

Мартин Скорсезе има направено документарец со сега починатиот папа Франциско кој ќе содржи разговори помеѓу нив, вклучително и нешто за што режиесрот вели дека е негово последно интервју пред камера. 

„Алдеас-нова приказна“ ја претставува Сколас Окурентес, непрофитна, меѓународна организација, основана од папата во 2013, за да се промовира нешто што тој го нарекол „култура на средби“ помеѓу младината. 

Дел од активностите на истата вклучуваат и правење филмови. Документарецот ќе прикаже како млади луѓе од Индонезија, Гамбија и Италија учествуваат во програмата и прават кратки филмови. 

Алдеас Сколас Филм и Сикелија продакшнс на Скорсезе, кои го најавија филмот вчера, 30.05., велат дека документарецот ќе биде „тестамент за трајното убедување дека креативноста не е само начин на изразување, туку и пат кон надеж и трансформација“.

Пред својата смрт, папата Франциско го нарече Алдеас „екстремно потески и многу конструктивен проект, бидејќи задира во коренот на она што е човечки живот“.

Скорсезе се има сретнато со папата Франциско повеќе пати во текот на годините, а по неговата смрт на 21 април, Скорсезе напиша дека се сеќава на него како на „исклучително човечко суштество“. 

1 May 2025 - 09:31