Пред некој ден објавивме дека во 36-та сезона, епизода 15, наш човек конечно дојде во Спрингфилд (види: Македонец стигна во Симпсонови) но, тоа не е сè! И циникот Мо, газдата на таверната (оној кој Барт го шупчи по телефон) по потекло да ти бил Македонец и го убедува дедото дека сè уште прилично добро зборува македонски . „Никој не умееше да ти изгаси цигара од врат како баба Бранка,“ носталгично ќе се присети Мо.