
„Римскиот Хомер“, Вергилиј бил, со зборовите на Данте, „светлост и глава на поетите“. По кратка кариера во реторика и право, младото момче од село во близина на Мантова преминал на поезија. Често боледувал, па на некој начин живеел живот на човек со инвалидитет - неговите соученици го опишувале како екстремно срамежлив, а прекарот му бил „девец“ поради социјалната изолираност.
Можеби токму поради таквата осаменост, тој наводно многу се приврзал со една - мува. Кога таа починала (или како и веќе да се нарекува чинот на умирање на една мува), тој потрошил голема сума, речиси сета своја заштеда, за екстравагантен погреб. Во неговата куќа вриело од славни личности. Професионални тажачки го оплакувале инсектот. Оркестар изведувал реквием. А Вергилиј склопил соодветни стихови за да го овековечи споменот на својот крилест пријател. По мисата, телото на мувата било церемонијално поставено во мавзолеј кој поетот го изградил на својот имот.
Но не дека Вергилиј „откачил“. Ова било начин тој да си го заштити имотот од конфискување. Во тоа време Рим национализирал приватна сопственост и ја раздавал на воени ветерани. Според легендата, Вергилиј знаел дека властите не би можеле да му го чепнат имотот доколку тој вклучува гробница, па оттаму брзо изградил мавзолеј и ја исценирал целата ситуација.
И ова е супер приказна, само што не е баш потврдена. Ниту еден од неговите современици не спомнува дека Вергилиј организирал ваква „претстава“. Можеби забуната е во песна која му е припишувана на поет по име Кулекс. Во неа, една мува (или пајак, зависи од преводот) буди човек токму во моментот кога една змија се заканува да го гризне. Човекот во паниката ја убива и мувата и змијата. Но потоа му паѓа криво кога сфаќа дека си го убил заштитникот, па прави гроб за инсектот и на надгробниот камен запишува стихови кои му оддаваат почит. Одреден број истражувачи верувале дека „Кулекс“ е всушност Вергилиј. Но ова не може да се потврди, како впрочем и голем број други нешта - на пример дека бил основач на Неапол (не бил). Дека бил гувернер на градот (не бил). Дека бил маг кој комуницира со мртвите (не бил). Веројатно немал ни мува ко милениче, но легенда си е легенда.