Мирка Гинова во Солун

Човекот (од здружение на Македонци од Негуш, град под Воден) ќе им каже: „Дојдовме денес да пееме на својот јазик...оној кој некои го нарекуваат ’локален’, други ’идиом’, ’словенски’, ’бугарски’, а по најново ’скопјански’. Ние сепак сме по раѓање Македонци, и играме ора и пееме песни од Македонија. Тогаш, зборовите во нив какви можат да бидат?“

Енциклопедиски пример на српски сељак

Колку што му е гајле за падежите во српскиот јазик, толку му е гајле што дошле со камера да го снимат како кажува нешто убаво за саемот на кој дошол. Цар. 

Витешка победа на Американска фабрика

Има едни што нè поразија до колена (благодарејќи на прочуените авто-голгетери Заев и Димитров) и ене ги денес, на патоказите уште им стои Скопје и упорно верглаат за измислена нација и измислен јазик. А има едни што нè победија ама им е јасно од која земја доаѓа Медена земја. Викаат уставобранителот Никиликс ноќеска се распрашувал дали има правен основ да бара и нивно разрешување.