Човекот (од здружение на Македонци од Негуш, град под Воден) ќе им каже: „Дојдовме денес да пееме на својот јазик...оној кој некои го нарекуваат ’локален’, други ’идиом’, ’словенски’, ’бугарски’, а по најново ’скопјански’. Ние сепак сме по раѓање Македонци, и играме ора и пееме песни од Македонија. Тогаш, зборовите во нив какви можат да бидат?“