Има едни што нè поразија до колена (благодарејќи на прочуените авто-голгетери Заев и Димитров) и ене ги денес, на патоказите уште им стои Скопје и упорно верглаат за измислена нација и измислен јазик. А има едни што нè победија ама им е јасно од која земја доаѓа Медена земја. Викаат уставобранителот Никиликс ноќеска се распрашувал дали има правен основ да бара и нивно разрешување.