Сонот на Спасе

Спасе Мадафака има нова ствар (ни ја најави 24 часа порано па на секои два саат проверувавме до кај е; побавно никогаш не ни минувало времето).  Иако сценариото ги следи сите параметри на порно жанрот, но сикирики, без звук е SFW.

Биртија на денот: Кафе Зале

- Како пиете, колку пиете?
- Се убиваме! - одговара Илија Боксер, еден од најактивните членови на групацијата во Кафе Зале, за само момент подоцна  да го уточни пребрзо дадениот одговор:
- Се усеруваме!

Оксфордски заушки за Северна

„Нашиов“ вика дека рисот живее во дел на Северна Македонија. Англичанец кој предава балканска историја на Оксфорд го поправа: рисот живее во Македонија, Северна Македoнија не постои.