Не ни е јасно како досега никому не му текнало да раскаже приказна за тоа што сонува главниот лик откако ќе види две моми на плажа а после ќе заспие!?
Сонот на Спасе започнува македонски претпазливо но завршува американски блудно. Значи, на почеток Спасе и неговите две посакувани конкубини со латино облини се факторизираат, тоест се мачкаат за да не изгорат од сонцето, па после тие со топка го играат Спасе во средина (спојлер: им ја фаќа!), па возат некои електрични тротинети за откако ќе начекаат дечко од пица деливери (ви викаме дека на спотот имаат работено порно зналци) и вип комбе со алкохол и шипки, целата дружина да се префли внатре за таму на раат да мрдаат со газовите (согласно името на песната Bounce Dat Booty). да се прскаат со шампањ и да пијат Моет во пластични чаши.
На крај Спасе е разбуден од топка во глава и бива вратен во суровата реалност но како што знаат оние кои се запознати со неговиот офф.нет првенец (види Америко, тешки нашинци те газат) нему јавето му е уште појако од сонот.