Да му веруваш на дедо Џеј

Го прашуваат Џеј што би му рекол на својот омилен внук ако некој ден би му дошол и би му кажал дека се дрогира. Не го знаеме омилениот внук, ама малиот треба да е среќен каква водилка има во животот.

Сарајлија на денот

Од неодамна во Сараево им зачукаа казни (250 евра) за неносење маска на отворено. Од обврската се ослободени само спортисти кои тренираат. Така ли? ОK, дисциплината која овој спортист ја тренира е „трчање покрај цајкани на ултракратки патеки со зембиљ во рака“.

Токио го награди дуото на нашата Ема Попивода

Македонско-јапонското пијано дуо Асами Сате и Ема Попивода добиваат награда од градот Токио на конкурс на кој учествувале 20.000 проекти. Омаж на македонскиот фолк и на човекот кој ги поврзува Скопје и Токио, Кензо Танге.