Нашиот Прометеј одамна е познат по своите враголии и вратоломии, особено во параглајдингот. Но, тоа не е сè. Пред 6 години, значи на 62 години, почнува да вози точак. Денес, на 68 години, Менде и неговиот BMX се сакаат вака.
Ако нè нема, како тогаш зборуваме? И на кој тоа мајчин јазик пишувам и зборувам јас, непостоечко суштество? Многу просто: на јазик што не постои. Кога јас ќе отворам уста - не излегува ништо освен воздух. И кога како бебе сум зинал за да кажам „мама“, на мајка ми само ѝ се присторило.
Да не рече некој дека одиме контра сè што доаѓа од Бугарија, еве да се придружиме со честитки кон овој нивен свечен настан на „откривање на прабугарската јурта“. Што е јурта, ќе праша некој наивен Словен. Зборот доаѓа од туркиските јазици и означува дрвена конструкција обложена со покривки, живеалиште за номадските народи во степите во Монголија и Средна Азија. Мили наши соседи, ви посакуваме никогаш да не ги заборавите и да не се откажувате од своите корени.
После толку време кмишење на интернет, не мислевме дека нешто може да нè изненади, најмалку македонска анкета со македонски граѓани, на едно најмакедонско прашање: „Во која земја би сакале да се родите?“. Мешани чувства имаме. Одговорот е урнебесно бескомпромисен ама и многу хмм.