Рокови премачкани со путер

На (а)социјалните мрежи Фејсбук и Твитер поштено распалија и се разиграа на темата која горделиво ја обнароди првиот антикрупциионер во владата - дека бил запленет путер со поминат рок. Корупцијата на колена, потсетување на сцената со Марлон Брандо и Марија Шнајдер, вртење на неописиво малоумната „Путеру, путеру“ од Плави оркестар... Сè тоа ок, како подмачкано. Само еден детал некако чкрипи.

Конечната верзија на објавата на Љупчо Николовски на Фејсбук изгледа вака:

Кога ќе ја едитирате историјата на таа објава, гледате дека првичната верзија е поинаква, без датум.

Ок, дечкото само ја прецизирал информацијата па отпосле ја додал годината 2019-та, ќе помислите, за дополнително да ни се згади тој расипан но бар уапсен путер.

Само што во официјалното известување  на надлежната Агенција за храна и ветеринарство нема никаква 2019 година како краен рок на траење. 

А како и ќе ја има 2019-та кога викаат дека путерот бил произведен наредната, 2020 година.

Којзнае што им е "финтата".

******

 

 

14 март 2021 - 12:00