1) 40 Маченици од Себасте, Охридски регион, 16ти век, Темпера и злато на дрвен ковчег. Димензија: 33.3 х 27.7 см. ПРОЦЕНЕТА ВРЕДНОСТ:28 000 - 50 000 ЕУР. Иконата била изложена на изложба во Антверпен, Белгија во 1988 година и е опишана во книгата „Golden light. Masterpieces of the Art of the Icon, Kononklijk Museum voor schone kunsten Antwerpen, 1988, Nr. 177.“
2) Богородица со Исус на престол. Македонија, доцен 15 ти век. Димензија: 84 х 55 см ( Капитално дело) . ПРОЦЕНЕТА ВРЕДНОСТ: 55 000 - 110 000 ЕУР(!!) Нацртана на златна подлога. Иконата била на изложба во Антверпен, Белгија во 1997 година и е документирана во книгата „Van een andere wereld, Konоnklijk Museum voor schone kunsten Antwerpen, Antwerpen 1997, Nr. 33.“
3) Свети Архангел Михаил, Македонска школа, Охридски регион. нацртана околу 1600 година, темпера на знатна подлога на дрвен ковчег. Димензија: 84 х 49 см ( капитано дело). ПРОЦЕНЕТА ВРЕДНОСТ: 28 000 - 56 000 ЕУР. Иконата е опишана во книгата: Golden light. Masterpieces of the Art of the Icon, Kononklijk Museum voor schone kunsten Antwerpen, 1988.
4) Упокојувањето на Богородица, Македонија, околу 1600 година. Димензија: 47 х 43 см. ПРОЦЕНЕТА ВРЕДНОСТ: 7500 - 15 000 ЕУР. Претходниот сопственик ја купил иконата од аукциската куќа Christie's London, 23 March 1994, Lot 525, а иконата била дел од изложбата во Антверпен, Белгија во 1988 година и е опишана во книгата: Golden light. Masterpieces of the Art of the Icon, Kononklijk Museum voor schone kunsten Antwerpen, 1988, Nr. 59.
Според документацијата и фактот што иконите биле на изложба во минатото и се опишани во Белгиски книги, мислам дека иконите најверојатно биле “собрани“ од странските војски кои биле во Македонија во периодот 1915-1918, потоа однесени во Франција или Германија, и таму биле „легализирани' а потоа продадени по европските аукции. И покрај тоа што кај секоја аукција претходниот сопственик на уметничките дела е таен, фактот што сите четири икони биле на изложба кај Кралскиот Музеј на Ликовни Уметности во Антверпен, Белгија - добивам впечаток дека токму Музејот од Антверпен е тајниот продавач на иконите. Белгија е меѓу Франција и Германија, најверојатно иконите стасале во Белгија од некој бивши француски или германски војник.
Колку би било убаво Македонија да беше богата земја и некој од македонските музеи да ги откупи овие четири охридски икони и да ги врати дома. Но секоја од иконите кошта десетици па и стотици илјади евра, за жал може овде само да ги погледнеме за последен пат и да си ги одмориме очите во нивната убавина. Но ако некој сака да наддава - има време, аукцијата е закажана за 16ти Април.