2007. Бугарија влегува во ЕУ;
2010. Романија влегува во ЕУ;
2015. Влегуваат Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Турција, Албанија, Косово, Србија и Црна Гора;
2017. Се вработува првиот наш човек во администрацијата на ЕУ;
2018. Првиот наш човек во администрацијата на ЕУ ја вработува целата своја фамилија, фамилијата на жената и на кумот, членови на семејствата на првите комшии како и некои луѓе од своето родно село;
2019. Нашите веќе стануваат 10 проценти од администрацијата;
2022. Уделот на нашите нарасна на 60 проценти. Европската администрација ги зголемува платите за три пати, воведува флексибилно работно време а јужнословенските јазици ги воедува како трет службен јазик.
2024. Поради стрес, 90 проценти од членовите на европската администрација се наоѓаат на боледување. Најмногу боледување се забележани во периодот од 15-ти јуни до 15-ти октомври и од 15-ти декември до 15-ти јануари. Болните се видени на Бали и на Алпите каде што на сметка на ЕУ се лечат од стрес. Со закон се уредува ЕУ да го покрива најголемиот дел од трошоците за лечење. До нивното враќање на работа, се вработуваат нови работници 'на неодредено време';
2025. Бројот на западните Балканци изнесува 90 проценти. Македонците на референдум повторно го отфрлаат Еврото;
2026. Доаѓа до драстично кратење на трошоците. Се отпуштаат чистачки, готвачи, шофери. Сите до еден белгиски државјани. Уделот на Балканците во ЕУ достигнува процент од 99,3;
2027. Пред да и заврши шестмесечниот претседавачки мандат, Хрватска добива нови кредити, Црна Гора успева да се доприватизира, од јануари претедателството со Унијата го превзема Белград;
2028. Во февруари Германија истапува од Унијата. Еден месец подоцна тоа го прават Француска и Финска а до крајот на годината, за време на албанскиот мандат по нив тргнуваат и Велика Британија, Белгија, Данска, Шведска, Холандија, Луксембург, Италија, Шпанија, Португалија, Австрија, Чешка, Литванија, Летонија, Естонија, Грција и Словенија. Сите земји воведуваат ригорозен визен режим за држaвјаните од земјите на ЕУ...