Bookbox

Дилетантот обично не е лик за пофалба. Го замислуваме како површен љубопитко, човек што постојано се интересира за нешто ново, но никогаш не навлегува доволно длабоко, ниту се посветува до крај. Во култура што ја слави специјализацијата, стручноста и посветеноста на една избрана професија или страст, дилетантот е речиси предупредувачки пример: некој што не успеал да се определи, да истрае или да стане навистина добар во нешто. Но во ова има и една привлечна слобода, како кога пееш караоке без амбиција да станеш пејач.

На денешен ден, 30 октомври 1947 година во Белград е роден Иван Ѓуриќ - историчар, византолог, универзитетски професор и политичар, кого во деведесеттите го нарекувале „српскиот Кенеди“. Бил еден од најистакнатите претставници на либералната и антивоена мисла во Србија во времето кога национализмот станувал доминантна политичка сила. Денес, кога Србија повторно се наоѓа на историска политичка пресвртница, вреди да се потсетиме на неговото име и неговите идеи. 

Кога било „ин“ да имаш портрет со твоите дебели крави

Денес можеби се фалиме со автомобил, часовник или фотографија од егзотично патување, но во Британија во 19 век еден од најнеобичните начини да го покажете својот углед бил да нарачате портрет на сопствената крава. И тоа не каква било крава, туку огромна, дебела крава што изгледа како да може да изеде цело село. 

Расте популарноста на „слушачките барови“

Кога последен пат сте слушале цел албум од почеток до крај, без да погледнете во телефонот, да разговарате или да правите нешто друго? Во светот во кој музиката ни е постојано достапна, но често ја слушаме само попатно, сè повеќе се појавуваат места што нè повикуваат повторно да ѝ посветиме целосно внимание. 

Сина, зелена, бела - немаат сите живи суштества црвена крв

Кога ќе се спомене крв, веднаш помислуваме на црвената боја. Но, во животинското царство крвта може да биде сина, виолетова, зелена, жолтеникава, па дури и речиси бела. Причината за овие разлики се протеините и пигментите што животните ги користат за пренесување на кислородот низ телото.

„Логикомикс“ од Апостолос Доксијадис и Христос Пападимитриу

Да направите карикатура од нешто толку сложено како што се основите на математиката, а да успеете истото да не го вулгаризирате и избанализирате, е вистински интелектуален подвиг.

„СПУТНИК ЉУБОВ“ од Харуки Мураками

„Неговата биографија открива живот кој може да се нарече нормален, но никако празен" - ова е првата реченица на една од веб-страниците посветени на Мураками, која зборувајќи за авторот всушност многу кажува за неговото творештво.

„МИТОЛОГИКИ I – IV“ од Клод Леви-Строс

Неодамна починатиот Клод Леви Строс за антропологијата е нешто како Ајнштајн за физиката – сите знаат дека тој кажал нешто важно, но малкумина знаат тоа нешто детално да го објаснат.

„Рaковиот напоредник“ од Хенри Милер

„Живеам во вилата Боргезе.
Овде нема ни трошка нечистотија,
ниту стол кој не е на своето место.
Овде сме потполно сами и мртви сме...
Никаде ни најмало известување за промена.
Ракот на времето нè јаде."

„ПРИКАЗНАТА НА О“ од Полин Реаже

Ако мислите дека за оваа недела одбравме книга за згодна Парижанка која е врзувана, камшикувана и генерално сексуално злоупотребувана за да ви го привлечеме вниманието, тогаш сте сосема во право. Но за нашиот избор имаме уште неколку, крајно интелектуални аргументи. Немојте веднаш да скролате барајќи слики, има нешто и во зборовите..

„КОГА МАЖОТ ЈА САКА ЖЕНАТА - емоционална и сексуална писменост за модерниот маж“ од Клод Стајнер

When a man loves a woman,
spend his very last dime
trying to hold on to what he needs.
He'd give up all his comforts
and sleep out in the rain,
if she said that's the way
it ought to be

Percy Sledge, 1966

„БЕЛИОТ ТИГАР“ од Аравинд Адига

Кога ја прашав мојата пријателка Каша, Полјакиња мажена за Швајцарец која долго време живееше во Македонија, да ми го опише нејзиниот нов дом - Индија, таа после краток чет с'спенс (оние секунди кои изгледаат ко часови, особено ако соговорникот ви куца бавно), рече: „Прочитај ја Белиот тигар. Сè ќе ти стане јасно".

„Смртта на Бани Манро“ од Ник Кејв

На први септември оваа година излезе од печат вториот роман на Ник Кејв, „Смртта на Бани Манро" (The Death of Bunny Munro). Да, да, тој Ник Кејв, фронтменот на Birthday Party и на Beed Seeds, поубавата половина од дуетот со Кајли, член на тајното друштво „Синови на Ли Марвин" и автор на неколку албуми најубави на свет.

„Бранови“ oд Вирџинија Вулф

Бранови се чита на почетокот на зимата. На песочна плажа на која веќе нема капачи, или на клупа на кеј додека почнува да бранува првото есенско ветре.