Номинираните за Златни малини 2024 беа соопштени вчера, понеделник 22.1., еден ден пред објавувањето на овогодишните номинации за Оскар. Тие се главно продолженија на постоечки филмови или експлоатираат содржини кои се во јавен домен, односно слободни за користење. Потенцијалните „победници“ на церемонијата која ќе се одржи на 9 март ги вклучуваат:
НАЈЛОШ ФИЛМ
Егзорцист: верник
Последниот филм од франшизата „Егзорцист“ се враќа кон своите корени и ја вклучува Елен Брстин во нејзина репризна улога како Крис МекНил од оригиналот од 1973. Прв од планирана трилогија, тој наиде на студен прием и на само 65 милиони долари приход од домашните кино сали. Режисерот Дејвид Гордон Грин нема да прави продолжение.
Expend4bles
Франшизата на Сталоне за возрасни платеници ја имаше својата премиера есенва и беше дочекана со потсмев и негативни критики. Долф Лундгрен, кој глуми во филмот, изјавил дека причината е што „немале баш добро сценарио“ и дека „Сталоне не се посветил онака како што тоа го правел претходно“.
„Мег 2: ровот“
Филм со Џејсон Статем во главната улога за гладен мегалодон заработи само 27% на сајтот Ротен Томатос. Тоа е втора номинација за Златна малина на истиот актер (го има и во претходниот Expend4bles).
„Шазм!: гневот на боговите“
Продолжението на Ди-си/Ворнер Брос е дел од заморот со суперхеројски приказни. Захари Леви, ѕвездата на филмот, го обвини недостатокот на добар маркетинг и го нарече „ѓаволски добар“.
„Вини Пу: крв и мед“
Влегувањето во јавен домен на ликот на симпатичното мече го овозможи овој ултра-низок-буџетски хорор, во кој Пу и прасето се во убиствена мисија. Филмот доминира со Златните малини, бидејќи е номиниран и за најлош режисер, најлошо сценарио, најлош филмски пари и најлош приквел, римејк или продолжение (да, има и таква категорија).
Еве ги номинираните за најлош актер:
Russell Crowe (The Pope’s Exorcist)
Vin Diesel (Fast X)
Chris Evans (Ghosted)
Jason Statham (Meg 2: The Trench)
Jon Voight (Mercy)
Најлоша актерка
Ana de Armas (Ghosted)
Megan Fox (Johnny and Clyde)
Salma Hayek (Magic Mike’s Last Dance)
Jennifer Lopez (The Mother)
Helen Mirren (Shazam! Fury of the Gods)
Најлоша споредна актерка
Kim Cattrall (About My Father)
Megan Fox (Expend4bles)
Bai Ling (Johnny & Clyde)
Lucy Liu (Shazam! Fury of the Gods)
Mary Stuart Masterson (Five Nights at Freddy's)
Најлош спореден актер
Michael Douglas (Ant Man & The Wasp: Quantumania)
Mel Gibson (Confidential Informant)
Bill Murray (Ant Man & The Wasp: Quantumania)
Franco Nero (The Pope's Exorcist)
Sylvester Stallone (Expend4ables)